Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“

„Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „наши“. Јас немам приход. Јас и жена ми имаме приходи...“, вели Дејв Ремзи, финансиски експерт од САД и открива зошто ваквиот став е важен во животот.

рњерње.jpg

Дејв Ремзи од САД е финансиски експерт, автор, радио водител и мотивациски говорник, познат по своите совети за финансии и штедење.

Тој е основач на „Ramsey Solutions“, компанија што нуди финансиски совети, програми за штедење и едукација за управување со пари.

ako-ste-vo-brak-i-imate-oddelni-finansii-ne-ste-tim-vie-ste-samo-cimeri-so-burmi-02.jpg

Овој пат на својот Фејсбук профил тој проговори на тема буџетот во брак, односно порача зошто е добро брачните сопружници да имаат заеднички буџет.

Неговиот совет гласи:

„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми.

Брачните парови треба заедно да ги користат своите пари.

Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „наши“.

Јас немам приход. Јас и жена ми имаме приходи. Тоа е исто толку нејзино колку што е и мое - духовно, морално и правно. Тоа не е МОЕ, тоа е НАШЕ.

Кога така го менувате јазикот, ве принудува заедно да си поставувате цели. Ве принудува да сонувате заедно. Ве принудува да ја носите тежината заедно.

Тоа ве принудува да комуницирате. Тоа создава ниво на единство што ништо друго нема да го направи“.

ako-ste-vo-brak-i-imate-oddelni-finansii-ne-ste-tim-vie-ste-samo-cimeri-so-burmi-03.jpg

С. С. | Црнобело

Фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI

Би можело да ве интересира:

„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg