„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“

„Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав пред ова рече 'Ох, Боже', а друга постара жена стана и ме прегрна. До тој момент веќе липав на глас: 'Се обидуваме со години, пробавме сè, дали навистина мојот живот не е вреден без нив?',“ раскажува жена која се соочила со арогантноста на колега од работа.

reshiv-da-nemam-deca-a-kolega-me-ponizhi-pred-site-poradi-toa-kako-se-spraviv-so-nego-01_copy.jpg

На социјалната мрежа Редит жена раскажа за непријатното искуство кога нејзин колега од работа со непримерен коментар ја понижил пред сите присутни на семинарот на кој присуствувале двајцата.

Но таа открива и како таа се справила со арогантниот маж, иако се послужила со лага за да го „стави на место“.

„Неодамна бев на дводневен работен семинар на кој присуствуваа преку 100 луѓе од различни оддели од мојата компанија. Идејата е да се споделат идеи, знаења, искуства, еден вид на вмрежување меѓу одделите.

Меѓу колегите беше и маж во средните 50-ти години, човек со кој работам прилично долго, а кој делува како несигурен тип, но го крие тоа со лажна ароганција.

По денот исполнет со предавања, сите отидовме на вечера, каде што седевме на големи тркалезни маси.

Штотуку се преселив во нов дом и зборував за тоа дека домот има две спални, но дека втората ја користиме за „соба за хоби“, кога овој човек ми искоментира: „Соба за хоби? Зарем не треба да ја уредите во детска соба на твоја возраст?“

reshiv-da-nemam-deca-a-kolega-me-ponizhi-pred-site-poradi-toa-kako-se-spraviv-so-nego-02.jpg

Само го погледнав и се преправав дека не го кажа тоа, па продолжив да зборувам. Можев да забележам дека се нервира поради моето игнорирање, лицето му беше црвено, ја трескаше чашата на масата и воздивнуваше на глас.

Беше околу 22 часот кога решив да се повлечам, за да можам само да седнам во мојата хотелска соба и да се опуштам сама. Тргнав да си одам од масата, и додека им посакував добра ноќ на другите, тој вика на цел глас:

„Навистина треба да размислите да имате деца. Животот е бесцелен без нив, а ни требаат и повеќе деца за иднината на оваа земја“.

reshiv-da-nemam-deca-a-kolega-me-ponizhi-pred-site-poradi-toa-kako-se-spraviv-so-nego-06.jpg

Бев толку изненадена и ментално исцрпена што само застанав и почнав да плачам. Не знам што се случи, но тогаш реков: „Не можам да имам деца“.

Жената со која разговарав пред ова рече „Ох, Боже“, а друга постара жена стана и ме прегрна.

До тој момент веќе липав на глас, па продолжив да лажам и реков нешто во стилот: „Се обидуваме со години, пробавме сè, дали навистина мојот живот не е вреден без нив?“

Колегата седеше таму и знаеше дека изгледа како тотален кретен, со црвено лице, но одеднаш многу тивок. Немаше извинување, ништо.

reshiv-da-nemam-deca-a-kolega-me-ponizhi-pred-site-poradi-toa-kako-se-spraviv-so-nego-05.jpg

Следниот ден тој не се појави на семинарот, а сега е на „боледување“ и не е дојден на работа.

Се чувствувам лошо за луѓето кои сакаат и не можат да имаат деца и знам дека не требаше да лажам поради тоа, а се чувствувам лошо и за прекрасните жени кои ме тешеа, но се прашувам дали мажите како него некогаш ќе научат дека не секој сака да има деца.

И дали ако не го направев тоа, мојот колега во иднина ќе продолжеше со својата ароганција, не само со мене, туку и со други. Жал ми е што лажев, но ова беше лекција што морав да му ја одржам“.

А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Морничавата приказна за канибалот Алберт Фиш - Тврдел дека гласови го тераат да убива Алберт Фиш е еден од најозлогласените сериски убијци кој бил и канибал. Откако б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg