Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силување?
Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, како спогодба за неговата тужба против пејачот, иако немаше докази дека навистина бил силуван. По ова, се оддалечил од семејството, додека татко му изврши самоубиство кратко по смртта на Мајкл.
Во 1990-тите, Џордан Чендлер стана познат како првото дете што го обвини Мајкл Џексон за сексуален напад.
Пејачот ги негираше обвиненијата и не беше осуден, но сепак направи спогодба со Џордан и неговото семејство, поради што им исплати 23 милиони долари.
Иако во периодот додека траеше судењето Џордан стана можеби најпознатото дете во светот, тој вистински се потруди да се скрие од јавноста, па денес не се ни знае дали уште живее во САД.
Како Џордан го запознал Мајкл Џексон и што навистина се случило?
Во мај 1992 година, Мајкл сосема случајно го запознал тогаш 12-годишниот Џордан.
Пејачот бил во Санта Моника, со неговиот приватен возач, кога автомобилот им се расипал.
Возачот побарал помош кај локален автомеханичар, односно очувот на Џордан – Дејв Шворц.
Кога Дејв го здогледал пејачот во неговата работилница, веднаш ги викнал сопругата Џун и нејзините синови Џордан и Али за да го запознаат нивниот идол.
Според Vanity Fair, од првата средба, Мајкл му се јавувал на Џордан речиси секојдневно.
Покрај повиците, редовно ги носел Џордан и брат му во продавници за играчки, додека на мајка им ѝ купувал скап накит.
Џордан честопати одел и на имотот на Мајкл Џексон – Neverland.
Една година по првата средба, во 1993-та, Џордан, заедно со мајка му, дури и го придружуваше пејачот на доделувањето на MTV World Music Awards.
Неколку месеци подоцна, тие отишле во Лас Вегас заедно со пејачот.
Според изјавите на Џордан во склоп на судењето, овој период нападите од страна на пејачот почнале да излегуваат од контрола.
Мајка му, пак, има изјавено дека додека биле во Лас Вегас, пејачот со насолзени очи ја молел да му дозволи на Џордан да спие во неговата соба.
„Мајкл ми рече ’Зошто не ми веруваш? Ние сме семејство. Зошто не му дозволуваш да биде со мене? Зошто не му дозволуваш да спие во мојата соба?‘“
По половина час молење, жената попуштила, а следното утро, во знак на благодарност, пејачот ѝ подарил скапа белегзија.
Родителите на Џордан биле разведени, а татко му – Еван – почнал да се сомнева во неговото пријателство со Мајкл Џексон.
По разводот Џордан живеел со мајка му, но одел кај тато му неколкупати месечно.
Сепак, откако почнал да се зближува со пејачот, Џордан испуштил неколку закажани средби со татко му.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





