Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силување?
Дотогаш Еван дури и се фалел за пријателството на Џордан со поп-ѕвездата, но си го променил ставот откако видел дека син му спие во ист кревет со пејачот.
Еван побарал адвокат со цел да почне да се бори зад старателство над Џордан.
Откако, пак, се консултирал со психијатар, излегол со тврдење дека син му сигурно е сексуално нападнат од пејачот.
Еван го однел Џордан на психијатар и детето само потврдило дека е нападнато од пејачот.
Во меѓувреме, мајка му даде изјава дека е скршена од болка бидејќи не сфатила што се случува.
Сепак, истрагата на надлежните не нашла никакви докази што ги потврдувале тврдењата на Еван и син му.
И покрај ова, родителите на Џордан поднесоа тужба против Мајкл Џексон.
И покрај немањето докази за на суд, пејачот сепак се согласи на спогодба – 23 милиони долари за Џордан, вклучително и 1,5 милиони за неговите родители.
Во спогодбата било истакнато дека ова не значи дека пејачот признава вина.
Покрај тоа, и Мајкл и семејството на Џордан потпишале изјава дека нема да откриваат ништо за она што се случувало меѓу нив.
По завршувањето на драмата, се чини дека Џордан навистина се труди да се држи настрана од јавност.
Според она што е познато, тој учел во престижно средно училиште, кое го посетувале и ѕвезди како Гвинет Палтроу и Лив Тајлер.
Според The People, Џордан инвестирал дел од парите што ги добил од Мајкл, а сè што сакал е да биде нормално дете за кое не знае никој.
Се оддалечил од мајка му, а последен пат е фотографиран во 2005 година.
Следната година, се дозна дека Џордан побарал забрана за приближување за татко му бидејќи го нападнал и пробал да го задави.
Одовде се јавија гласините дека татко му бил насилен и додека Џордан бил мал.
Во 2009 година, само неколку месеци по смртта на Мајкл Џексон, татко му на Џордан изврши самоубиство.
Според Daily Mail, добивал смртни закани од фановите на пејачот, станал параноичен, па дури и си направил пластична операција за да се скрие од јавноста.
Што се однесува до Џордан, никој не знае ни каде е, ни како изгледа.
Од целото семејство, само брат му на Еван има дадено изјава:
„Целата драма со Мајкл Џексон беше како рак на семејството, имаше влијание врз сите нас. Не бевме истите потоа.
Нашите животи драстично се променија, и тоа на полошо. Целата работа беше како клетва.
Луѓето зборуваат за парите (од спогодбата), но ниту една сума не вреди за она што го преживеавме“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





