Викенд предлог: Дрвена куќичка од бајките во близина на Загреб

Дрвената куќичка градена во Хонка стил се наоѓа во малото местенце Миркополе, кое е оддалечено околу 60 километри од Загреб. Едноставно, но инспиративно место за одмор.

vikend-predlog-bajkovita-drvena-kukjicka-vo-blizina-na-zagreb-01

Со својот бајковит ентериер и екстериер, ова мало парче рај претставува совршено бегство од реалноста, кое понекогаш на сите ни е потребно.

Далеку од секојдневните градски гужви, сообраќај, брз начин на живот, ова е идеално место за полнење на батериите каде сте опкружени со магична природа. Овде се наоѓа сето она за кое сте читале во бајките, но претворено во реалност.

Со идилично опкружување од прекрасни шуми и сопствен поток во непосредна близина на реката Купа, околу вас се наоѓа овоштарник, уредени патеки, градина, две платоа за риболов и сопствено капалиште за освежување во врелите летни денови.

 Прекрасни шуми за пешачење, голф терен, велосипедски патеки, вински улици и прекрасни паркови во Карловац – ова се само дел од активностите кои сигурно ќе ве одушеват, особено ако имате авантуристички и љубопитен дух.

Ова место го слави квалитетот на животот, еколошката свест и соединувањето на умот, духот и телото, каде модерната технологија и архитектурата совршено се спојуваат со еколошките градби и мирното опкружување. Затоа, дозволете си барем еден викенд на ова магично место. Ви гарантираме дека нема да зажалите.

А, ако ви е потребна причина плус, тогаш погледнете ги овие неверојатни фотографии:

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg