10 евтини и забавни активности кои може да ги правите сами за време на викендите
Викендите се исклучиво резервирани за полнење на батериите, па ако обожавате тоа да го правите сами, не мора да се затворите дома.
Кога не сакате некој друг да ве оптоварува со проблеми и разговори, ниту пак сакате да трошите многу пари, имаме 10 интересни и прилично евтини идеи за соло уживање.
1. Посетете ги уличните штандови со книги или откријте каде има мини саем за книги. Инспирирајте се и запознајте се со ретро наслови.
2. Размислете во кој дел од градот не сте биле одамна и посетете го токму овој викенд. Сигурно ќе забележите нешто ново што досега не сте го виделе.
3. Посетете некој музеј или галерија и внесете малку уметност во секојдневието.
4. Возете велосипед надвор од велосипедските патеки. Бидете турист во сопствениот град.
5. Ако времето ве послужи, направете пикник во парк со ќебенце, книга, слушалки на ушите и кафе или пијалак по ваш вкус.
6. Разбудете ја креативноста со боење на боенка за возрасни во двор или на тераса.
7. Внукот/внуката под рака и прошетајте низ некое детско игралиште или Луна Парк. Батериите одлично се полнат правејќи детски активности.
8. Поставете си сами на себе Инстаграм предизвик – откријте некое место во градот од кое може да излезат фантастични фотки.
9. Планинарете. Облечете се удобно, земете нешто свежо за јадење и пиење и тргнете во бистрење на мислите низ природа.
10. Одете на место со поглед на вода. Водата ги одмора сите сетила, па сите драми ќе ви се чинат минорно кога ќе погледате во водена површина барем половина час.
М. Д. | Црнобело