Девојката со крилја емотивна откако заврши во гипс: „Трагедија се случи во нашиот град Нови Сад, загинаа 14 луѓе“

„Пред неколку дена, голема трагедија се случи во нашиот град (Нови Сад). Фасадата на главната железничка станица се сруши и 14 луѓе го загубија животот. Среде сето тоа, случајно се сопнав на скали и си ja скршив чашката на коленото, а вчера ми ставија гипс. Во следните 30-40 денови ќе бидам целосно неподвижна“, започнува емотивно Дејана Бачко.

devojkata-so-krilja-si-ja-skrshi-nogata-tragedija-se-sluchi-vo-nashiot-grad-novi-sad-zaginaa-14-lugje-01.jpg

Девојката со крилја, која сега е и сопруга и мајка со крилја, доживеа незгода и си ја повреди ногата и тоа токму во истиот период кога Нови Сад го потресе една од најголемите трагедии досега.

На 1-ви ноември 14 луѓе загинаа откако се сруши натстрешница од железничка станица.

Токму ова ја поттикна на размислување инспиративната Дејана Бачко.

Таа на својот Инстаграм профил емотивно напиша:

„Пред неколку дена, голема трагедија се случи во нашиот град (Нови Сад). Фасадата на главната железничка станица се сруши и 14 луѓе го загубија животот.

devojkata-so-krilja-si-ja-skrshi-nogata-tragedija-se-sluchi-vo-nashiot-grad-novi-sad-zaginaa-14-lugje-02.jpg

Среде сето тоа, случајно се сопнав на скали и си го удрив коленото. Ја скршив чашката на коленото, а вчера ми ставија гипс.

Во следните 30-40 денови, морам да одмарам и ќе бидам целосно неподвижна.

Поради оваа ситуација, станав свесна колку би требало сите да бидеме благодарни за секој ден што ни е даден, бидејќи сите ние можевме да бидеме на нивно место.

Треба да го живееме овој живот со што повеќе љубов и помалку да се грижиме за тривијалните работи. Мое искрено сочувство до семејствата на сите кои погинаа.Ж

Понекогаш нашиот сопствен проблем или ситуација можат да изгледаат тешки, но запомнете дека некои луѓе дури немале ни шанса да се борат.

На фотографијата се смеам, бидејќи не знам како поинаку.

Ви посакувам сите да влезете во новата недела и новиот месец со длабоко чувство на благодарност!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Се преполови поради болеста, сакал да биде фудбалер: Животот на еден од најбогатите луѓе на Балканот... Кога пред неколку месеци Саша Поповиќ дозна дека има сериозен здравствен проблем...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...
„Децата се плашеа од неа, ме тераше да ѝ ги перам гаќите на рака“ – Дадилка откри детали за Мелина Џ... „Со оглед на тоа што Харис често беше на турнеи, јас мислев дека Мелина има побл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg