Стефан Ѓуриќ Раста итно пренесен во болница: „Во вакви ситуации човек сфаќа кого има покрај себе“

„Денес одам на операција. Се надевам на брзо закрепнување и дружење“ – напиша раперот Стефан Ѓуриќ Раста, меѓу другото, откако објави дека бил итно хоспитализиран заради огромни болки.

stefan-gjurikj-rasta-itno-prenesen-vo-bolnica-vo-vakvi-situacii-chovek-sfakja-kogo-ima-kraj-sebe-01.jpg

Обожавателите на српскиот музичар Стефан Ѓуриќ Раста останаа загрижени откако тој на својот Инстаграм профил сподели фотки на кои се гледа дека се наоѓа во болница.

Раперот за првпат објави фотки од болницата пред два дена (23.04), а познато е дека заедно со него била и неговата нова, 15 години помлада девојка Марија Балабан.

stefan-gjurikj-rasta-itno-prenesen-vo-bolnica-vo-vakvi-situacii-chovek-sfakja-kogo-ima-kraj-sebe-02.jpg

Раста не соопштува кој бил здравствениот проблем со кој се соочува, но Telegraf.rs повикувајќи се на сопствени извори блиски до раперот, пишува дека тој имал проблеми со ‘рбетот и не можел да стои на нозе, по што девојка му веднаш го однела во болница.

Според нивните информации, раперот итно треба да биде опериран.

stefan-gjurikj-rasta-itno-prenesen-vo-bolnica-vo-vakvi-situacii-chovek-sfakja-kogo-ima-kraj-sebe-03.jpg

Инаку, освен фотките од болница, Стефан на Инстаграм Стори им се заблагодари на фановите за загриженоста и за пораките за побрзо закрепнување, но упати и дрски и неубави желби до оние кои немаат разбирање за него. 

„Ви благодарам на сите на бескрајната поддршка и помош, за жал дури во вакви ситуации човек сфаќа кого има покрај себе.

А јас ги имам најпрекрасните луѓе и ви благодарам за тоа. Денес одам на операција. Се надевам на брзо закрепнување и дружење на досега закажаните настапи.

На оние што се безобразни и без разбирање ви го посакувам истото што ми се случи и мене и да даде Бог никогаш да не присуствуваат на мој настап, затоа што тоа не е мојата публика.

Сите останати ве сака Раста“ – порача тој.

stefan-gjurikj-rasta-itno-prenesen-vo-bolnica-vo-vakvi-situacii-chovek-sfakja-kogo-ima-kraj-sebe-05_copy.jpg

Инаку се верува дека Раста има дискусхернија, односно пролапс на дискот што се наоѓа меѓу два пршлени. Заради тоа, раперот во болница бил примен со огромни болки.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg