Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме за операцијата“

„Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, за која е употребен 3Д модел за предоперативна подготовка, а операцијата беше изведена со длабока хипотермија (телото се лади на 19°C) и траеше 3 и пол часа“, вели д-р Иво Паункоски, специјализант на кардиохирургија.

d-r-ivo-paunkoski-operiravme-srce-na-2-mesechno-bebe-prvpat-koristevme-3d-model-da-se-podgotvime-za-operacijata-01.jpg

Д-р Иво Паункоски е специјализант на кардиохирургија вработен на Одделот за детска кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Неодамна, тој беше дел од тимот кој изведе сложена операција на срце на двомесечно девојче, родено со исклучително ретка и комплексна состојба, каде што крвните садови од белите дробови беа поврзани со крвен сад во стомакот наместо со срцето.

d-r-ivo-paunkoski-operiravme-srce-na-2-mesechno-bebe-prvpat-koristevme-3d-model-da-se-podgotvime-za-operacijata-03.jpg

Оваа операција ја изведоа детскиот кардиохирург доц. д-р Владимир Чадиковски и д-р Паункоски, а при нејзиното изведување во голема мера им помогна испечатениот 3Д модел од срцето на девојчето, технологија која има исклучително позитивно влијание во кардиохирургијата.

Вооедно ова е и првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, за која е употребен 3Д модел за предоперативна подготовка.

d-r-ivo-paunkoski-operiravme-srce-na-2-mesechno-bebe-prvpat-koristevme-3d-model-da-se-podgotvime-za-operacijata-05.jpg

Д-р Паункоски за CRNOBELO.com зборуваше за бебето кое го оперирале, за комплексната ситуација со која се соочиле, но и за 3Д моделот на срце кој „ги водел“ додека го оперирале девојчето:

„Тридимензионалните печатени модели на органи се реплики на одредена анатомска област и се специфични за пациентот за којшто се прават.

Тие се креираат врз основа на податоците добиени од слики, по претходно изведена компјутерска томографија (КТ) или магнетна резонанца (МРИ).

Овие реплики, потоа се генерираат со помош на специфичен компјутерски софтвер.

Моделите се користат за едукација на студентите по медицина.

Но, тие даваат и нов, подобар увид во карактеристиките на органот кој треба да се оперира, и тоа во процесот на претхируршко планирање и кога се симулираат планираните постапки за самата операција, а за да се зголеми нивната прецизност.

d-r-ivo-paunkoski-operiravme-srce-na-2-mesechno-bebe-prvpat-koristevme-3d-model-da-se-podgotvime-za-operacijata-04.jpg

Овие модели се корисни и за подобрување на комуникацијата лекар-пациент, кога пациентот се информира за наодите и планираниот третман.

Тридимензионалното печатење е сѐ почесто употребувана алатка во медицината.

Традиционалните дијагностички методи даваат можност да се анализира и прикаже состојбата на органот преку дигитален екран во дводимензионален простор.

3Д моделот дава реална тридимензионална „слика“, да може и просторно да се ориентираме колкава е оддалеченоста од другите органи, информации во однос на патолошките промени, но и можност да се увиди нивното однесување при симулација на одредена интервенција.

d-r-ivo-paunkoski-operiravme-srce-na-2-mesechno-bebe-prvpat-koristevme-3d-model-da-se-podgotvime-za-operacijata-13.jpg

Во соработка со д-р Стефан Арсенков и неговиот колега Огнен Плавески, ги употребивме податоците од направената КТ снимка во вид на дигитални слики и го креиравме 3Д моделот на срце со посебен софтвер.

Срцето со пропратните крвни садови го означивме и одделивме од останатите органски системи за да биде детално прикажан во тридимензионален простор.

d-r-ivo-paunkoski-operiravme-srce-na-2-mesechno-bebe-prvpat-koristevme-3d-model-da-se-podgotvime-za-operacijata-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg