Марго од Франција се преселила во Прилеп заради таткото Македонец: „Сега сум модел во Париз и учам за адвокат“
Што најмногу сакаш во Париз, а што најмногу ти недостасува од Македонија?
Најмногу го сакам животниот стил во Париз, отсекогаш сум знаела дека сакам да живеам во Париз и во голем град кој никогаш не спие.
За мене Париз е еден од најубавите градови во светот.
Од Македонија најмногу ми недостасуваат пријателите и семејство, некогаш и блискоста на луѓето, а и, секако, сонцето, кое е многу срамежливо во Париз.
Најлошoто е што живеам 200 на час, па понекогаш таквиот стил на живот знае да ме измори.
Негативна страна е јавниот транспорт и преголемиот број туристи.
Дали Париз изгледа исто како во филмовите?
Да, можам да кажам дека Париз изгледа како на филмовите и му препорачувам секому да го посети овој град.
Имаш ли омилено место во Париз каде се чувствуваш како дома?
Омилени места во Париз ми се малите населби како „Le marais“, „Saint germain des prés“ или „Cartier latin“, каде што има многу опуштена атмосфера, убаво е за шопинг и има најразлични кафулиња.
Што значи за парижанките „вистинска убавина“? Ги почитуваш ли нивните трикови за убавина и модни правила? (кои)
Во Париз преферираат природни, средени девојки и девојки со елегантен стил и харизма.
Сепак на цена остануваат и модните стандарди, како височината, фигурата и автентичноста.
Како модели секако пробуваме да се држиме до тие стандарди.
Најубави и најлоши моменти од секојдневието во Париз ти се...
Најубавите моменти од секојдневието ми е запознавањето со секакви интересни профили на луѓе од секоја сфера од мода до политика, бидејќи секогаш има нешто позитивно да се научи од различните животни патишта на луѓето.
Исто така обожавам и едноставни прошетки низ убавите париски улици и пикник под Ајфеловата кула после предавањата.
Како ја гледаш својата кариера и живот во наредните 5 години? Што си посакуваш?
За 5 години се гледам себеси сè уште на модната сцена, француска и европска.
Навистина би сакала да напредувам во манекенството, затоа што го сакам многу и би сакала да учествувам на бројните модни недели во Париз, Милано, Лондон итн.
Исто така, професионално би завршила мастер студии во европско и интернационално право.
Дали би се вратила некогаш во Македонија за да работиш тука?
Мислам дека не би се вратила да работам во Македонија, бидејќи мојата иднина ја гледам во Париз или во некој друг западноевропски град, иако многу ја сакам Македонија и често ја посетувам.
Повеќе фотографии од Марго на следната страница...
Би можело да ве интересира:





