Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите?
Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате проблем со алгите, вашиот најдобар пријател е белиот оцет. Тој брзо може да ги убие алгите, а не е штетен за птиците, инсектите и поголем дел од растенијата.
Фонтаните во дворот се многу декоративни и привлечни, но секако, ако се добро одржувани.
Најлошо е да имате фонтана со непријатен изглед, па затоа, многу е важно редовно да ги одржувате чисти, за да го добиете посакуваниот ефект.
Како самите да ја исчистите фонтаната во вашиот двор?
За да ја исчистите фонтаната во вашиот двор, отстранете ги сите растенија, украси, декоративни каменчиња. Потоа, исцедете ја водата, зашто на тој начин ќе можете потемелно да ја исчистите.
Ставете си соодветни гумени ракавици и извадете го ѓубрето и остатоците. Отстранете ги лисјата, стапчињата, ѓубрето и сè друго што не припаѓа таму.
Потоа, во една кофа растворете вода и благ сапун, па со сунѓер исчистете ја внатрешноста на фонтаната.
Откако ќе се осигурите дека веќе сте ја поминале целата површина со сапунот и вода, време е да исплакнете.
Важно е да перете под притисок, зашто на тој начин ќе излезе сета нечистотија, но и алгите кои не можете да ги отстраните само со рацете.
Овој чекор е важен, зашто потоа ќе имате многу почиста вода во вашата фонтана.
Потоа, на ред е чистењето на пумпата. Внимавајте на нејзините делови и нежно мијте ја во кофа со вода.
Како да ја одржувате чиста водата во надворешните фонтани?
Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина.
Ако имате проблем со алгите, вашиот најдобар пријател е белиот оцет. Тој брзо може да ги убие алгите, а не е штетен за птиците, инсектите и поголем дел од растенијата.
Користете мешавина од оцет и вода во однос 1:1 и испрскајте ја областа на фонтаната. Потоа, исплакнете со црево за вода.
Исто така може бел оцет да ставите и директно на површината, па да исчистите со стара четка за заби.
Внимавајте да отстраните што е можно повеќе, зашто колку повеќе оставате зад себе, толку побрзо тие ќе пораснат и ќе почнат да ја заземаат површината во вашата фонтана.
Најдобро е да ја менувате водата во фонтаната барем еднаш месечно, но, ако сакате да го намалите времето што го поминувате за празнење, чистење и полнење на вашата фонтана, тогаш најдобро решение е да спречите загадувачите да влезат во водата.
Ветровите може лесно да ги наполнат фонтаните со ѓубре, а покрај тоа, фонтаната треба да ја заштитите и од прашина, лисја, инсекти …
Затоа, може да се одлучите и за едноставна прекривка која не пропушта вода и која лесно ќе ја префрлите преку фонтаната кога ќе сметате дека имате потреба, па лесно ќе ја отстраните кога ќе сакате да уживате во убавиот амбиент.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com