Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце

За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што добива малку сонце или, пак, засадете го на целосна сенка. Што треба да знаете за импатијата, растение кое е совршено за балкони кои не ги фаќа сонце во текот на денот?

kako-da-se-grizhite-za-impatija-cvekje-koe-cveta-celo-leto-i-odlichno-uspeva-na-senka-01.jpg

Импатијата е прекрасно цвеќе кое може да го сретнеме во различни светли бои, а особено е популарно поради тоа што може да расте и во области со малку сончева светлина.

Всушност, овие популарни цвеќиња претпочитаат позиции на сенка, а премногу сонце ќе ги изгори нивните лисја.

Совети за одгледување импатија

Импатијата може да се одгледува на земја или во саксии.

За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што добива малку сонце или, пак, засадете го на целосна сенка, а избегнувајте садење на целосно сонце.

Обезбедете им влажна, но добро дренирана почва која е богата со хранливи материи. Наводнувајте редовно и не дозволувајте почвата целосно да се исуши.

Имајте предвид дека овие цвеќиња се многу чувствителни на топлина. Ако долго време ги оставите без вода, тие најверојатно ќе изгледаат безживотно.

Но, добрата вест е што откако ќе се хидрираат, брзо се враќаат во нормала. На имаптиите доста им годи и влажното време.

Што се однесува до прихранувањето, во сезоната на растење и цветање, најдобро е тоа да го правите на неколку недели.

kako-da-se-grizhite-za-impatija-cvekje-koe-cveta-celo-leto-i-odlichno-uspeva-na-senka-02.jpg

Размножување на импатиите

Импатиите може да се посадат од семе, но полесно е од исечоци кои ќе треба да ги сечете во есен. За таа цел, исечете гранче со должина од 10 до 15 сантиметри, каде што има многу листови.

Исечокот ставете го во вода и ставете го на светло место, но подалеку од директна сончева светлина. Менувајте ја водата често (на секои неколку дена) бидејќи станува заматена.

Кога ќе се развијат добри коренчиња, засадете го исечокот во земја.

Оставете ги на светло место, подалеку од директна сончева светлина, а почвата постојано одржувајте ја влажна. На пролет, кога повеќе нема да има мразови, може да ги изнесете надвор.

kako-da-se-grizhite-za-impatija-cvekje-koe-cveta-celo-leto-i-odlichno-uspeva-na-senka-03.jpg

Цветање на импатиите

Ако ѝ се обезбедени потребните услови, имаптијата ќе цвета од април па сè до појавата на првиот мраз.

Ако вашите импатии цветаат помалку отколку што очекувавте, обидете се да ги исечете подолгите стебла, за да стимулирате разгранување и раст на нови пупки.

Намаленото цветање може да биде резултат и на премногу сонце, недоволна вода или премногу вештачко ѓубриво.

kako-da-se-grizhite-za-impatija-cvekje-koe-cveta-celo-leto-i-odlichno-uspeva-na-senka-04.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg