Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце
Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како густа грмушка, создава природна бариера на балконот.
Ако живеете во зграда, претпоставуваме дека терасата ви е особено важен дел од домот, особено во топлите денови.
Но, доста често во градовите проблем може да биде недостатокот од приватност, како и изложеноста на балконот на сонце.
За среќа, постојат растенија кои трпат сонце, а бидејќи се високи, изгледаат раскошно и притоа нудат некаква приватност.
Три растенија совршени за балкон:
Лаванда
Покрај тоа што изгледа убаво, лавандата има пријатен мирис, а притоа е одбивна за некои инсекти.
Трпи сонце и расте како грмушка, па може да биде одлична природна бариера на балконот.
Бамбус
Бамбусот може да порасне многу во висина, а притоа да биде густ па делува како природна ограда.
Трпи директно сонце, а ова го прави идеален за балкон.
Бугенвилија
Ова растение е познато по живописните цветови.
Покрај тоа што трпи сонце и суша, растението може да биде многу густо, како грмушка, па додава приватност на балконот.
Спирова С. | Црнобело