Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет

Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во блиски кластери. Како да се грижите за медениот цвет? 

cvekje-so-opoen-miris-soveti-za-nega-na-alisum-narodno-poznat-kako-meden-cvet-01_copy.jpg

Алисум е нежно цвеќе кое поради својот опоен мирис на мед, помеѓу народот е наречен и меден цвет.

Тоа е брзорастечко едногодишно цвеќе кое цвета од крајот на пролетта/почетокот на летото и во текот на есента.

Расте во висина до 15 сантиметри, а во ширина од 20 до 30 сантиметри.

Нега и грижа на алисиум

Алисиум, или меден цвет, ќе расте во повеќето градинарски почви, но претпочита добро дренирана плодна земја.

Важно е растението да се одржува добро наводнувано, особено во текот на летото, и да не дозволите да се исуши, бидејќи тоа ќе го прекине периодот на цветање.

Медениот цвет сака сонце, но не долги и сушни периоди. Идеално е да го засадите на место кае што ќе може да добие шест до осум часа сончева светлина дневно.

cvekje-so-opoen-miris-soveti-za-nega-na-alisum-narodno-poznat-kako-meden-cvet-04.jpg

Што се однесува до прихранувањето, на растенијата кои се засадени во земјата не им треба ѓубриво, освен ако почвата е навистина лоша.

На растенијата одгледувани во саксии ќе им треба месечно прихранување со ѓубриво растворливо во вода, добро избалансирано според наведените инструкции.

Бидете внимателни со користењето на прихрана, зашто премногу ѓубриво може да предизвика бујно зеленило и намалено цветање.

cvekje-so-opoen-miris-soveti-za-nega-na-alisum-narodno-poznat-kako-meden-cvet-02.jpg

Размножување, пресадување и цветање на алисиум

Алисиум се размножува од семе. Може да ги посадите семките во затворен простор и да ги пресадите на отворено откако ќе помине можноста за појава на мраз.

До некаде, алисиум е отпорен на студенило, но нежните млади растенија не се доволно издржливи на мраз.

Кога го пресадувате растението, наполнете го садот со земја, ископајте дупка со големина на веќе постоечкиот корен, ставете го коренот во дупката и нежно наполнете со земја околу него.

Оставете најмалку 5 сантиметри простор од горниот слој на почвата до горниот раб на саксијата.

cvekje-so-opoen-miris-soveti-za-nega-na-alisum-narodno-poznat-kako-meden-cvet-03.jpg

Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во блиски кластери. Потребни се околу два месеца за растението да никне, порасне и да процвета.

За да поттикнете побујно цветање, важно е редовно да ги отстранувате сувите ливчиња и цветови, а притоа нанесувањето ѓубриво растворливо во вода најдобро ќе го поттикне цветањето.

cvekje-so-opoen-miris-soveti-za-nega-na-alisum-narodno-poznat-kako-meden-cvet-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg