Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото)
„Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта боја, украсени со сијалички, се доволни да внесат есенски бои и топло расположение во вашиот простор“, вели Перо Митаноски за CRNOBELO.com.
Кога вашиот дом е уреден според соодветната сезона, тогаш престојот во него е уште поголемо задоволство, зарем не?
Такво задоволство периодов има семејството Митаноски од Дојран.
Тие го декорираа својот дом со есенски украси.
Перо Митаноски за есенската бајка која ја создале, за CRNOBELO.com вели:
„Есенското декорирање на домот во последниве години станува тренд и кај нас. Есента е идеално време за да се искористи сето она што го имаме дома и сето она што природата во моментов ни го нуди.
Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта боја, украсени со сијалички, се доволни да внесат есенски бои и топло расположение во вашиот простор“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело