5 растенија идеални за на балкон: Успеваат и на сонце и на сенка, а не бараат голема грижа
Сукулентот чуваркуќа или цветот сардела (познат и како пеларгонија) – растенија кои се идеални за на балкон или во градина.
Ако сакате да го украсите балконот со растенија, важно е да одберете билки кои поднесуваат и сонце, и сенка, но и кои можат да издржат на повисоки температури.
Следниве пет растенија спаѓаат овде, а притоа и не бараат некоја голема грижа:
Чуваркуќа (Sempervivum)
Оваа растение е вид сукулент, а поднесува и сонце, и сенка.
Како повеќето сукуленти, не е потребно многу често залевање, па нема да ви се исуши дури и ако го заборавите.
Пркос (Portulaca grandiflora)
Пркос е цвеќе кое е доста популарно како градинарско или саксиско растение.
Вирее на сонце и на сенка, а може да издржи и пониски температури.
Не бара редовно наводнување – ставајте му вода само кога ќе забележите дека горниот слој од почвата е сув.
Пеларгонија (Pelargonium)
Ова е можеби најпопуларното цвеќе за балкони кај нас. Познато е и ако сардела, а препознатливо е по убавите цветови.
Најдобро вирее на светло место, а треба да се наводнува кога малку ќе се исуши почвата.
Бугенвилија (Bougainvillea)
Ова растение најдобро вирее на сонце, но сепак цвета и под послаба сенка, а може да издржи и многу високи температури.
Отпорно е на суша, па не бара често наводнување – само кога почвата е целосно исушена.
Воденика (Impatiens)
И овој цвет вирее на сонце и под сенка, но најдобро е да го ставите на место каде нема цел ден да биде изложено на сонце.
За разлика од останатите растенија, бара повеќе вода, но внимавајте да не го накиснете премногу – не дозволувајте почвата да се исуши, но не и саксијата да биде полна со вода.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





