Дворче во Стојаково со многу природно зеленило и поглед кон зајдисонце - вистински рај за очи
Сардели, љубичици, петунии, дрвца и многу природно зеленило… Дворче сместено на периферијата од село Стојаково е вистински рај за уживање, особено за децата.
За љубителите на зеленило и цвеќиња, средувањето на градината претставува вистинско задоволство и момент за релаксација. Тоа го потврдува и Магдалена од Стојаково, која вистински ужива во уредувањето на градината и одгледувањето на цвеќињата.
Подалеку од центарот и со поглед кон планината Кожуф, испиеното кафе во ова дворче вистински опушта благодарение на прекрасното зеленило, разнобојните цвеќиња и зелените дрвца.
Дворниот простор е уреден со голем број декоративни саксии, декор од камен, но и декор на дрвјата.
Секако, забележителни се и реквизитите и елементите наменети за најмалите членови во семејството: лулашка, лизгалка, куќичка...
На зајдисонце, забележителна е вистинската магија на природата, зашто оттука непречено може да се ужива во последните сончеви зраци.
Во изјава за CRNOBELO.com, Магдалена вели дека одржувањето на целата убавина бара посветеност и време.
„Наводнувањето, особено во летните месеци, мора да биде секојдневно, бидејќи овде температурите во летниот период честопати достигнуваат и над 40 степени Целзиусови.
За убав изглед на тревата, мора да се коси барем два пати неделно.
Има повеќе обврски околу дворот, средување, чистење од ливчиња, наводнување на трева и саксиско цвеќе, но, кога се работи со љубов, тежината на задачата не се чувствува“, вели Магдалена.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од дворчето на Магдалена:
Продолжува на следната страница ...
Би можело да ве интересира:


