Совети за одгледување абутилон – интересно собно растение со уникатни цветови
Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, сепак целосната изложеност ќе поттикне најмногу цветање, па затоа, погрижете се растението да добие најмалку шест или повеќе часа директно сонце.
Абутилонот е цвеќе кое претпочита многу сончева светлина, добро дренирана почва и топли услови.
Иако неговите листови изгледаат како јавор, абутилоните не се ни тесно поврзани со јаворовите дрвја.
Како правилно да се грижите за ова впечатливо и интересно растение?
Нега и грижа за абутилон
Иако постојат многу популарни видови на абутилон, тие генерално се тропски и имаат слични потреби.
Така, за да уживате во убавината на ова растение, потребно е да изберете сончево место кое има околу шест или повеќе часа сончева светлина.
Почвата треба да биде богата со хранливи материи и да му овозможите добра дренажа.
Што се однесува до наводнувањето, треба да му ставате малку вода и почесто, но не треба да ја оставите почвата целосно да се исуши.
Најдобро е да го огледувате абутилонот во саксија, за на есен да може лесно да го внесете внатре и да го чувате како собно растение во текот на зимскиот период.
Абутилоните не толерираат мраз, а идеална им е температурата помеѓу 18 и 23 степени Целзиусови. Препорачливо е просечно ниво на влажност, но не е неопходно.
Што се однесува до прихранувањето, користењето ѓубриво растворливо во вода секоја втора недела, ќе му помогне на абутилонот за повеќе да цвета.
Размножување на абутилон
Абутилонот најчесто се размножува со исечок од гранка. Идеално време за оваа постапка е пролет или лето. За таа цел, изберете здраво зелено стебло. Користете чисти ножици и исечете гранче.
Оставете три листови, а отстранете ги останатите цветови, пупки или листови. Потоа, исечокот ставете го во влажна почва и оставете го да пушти свои корени, па може да го пресадите во поголема саксија.
Како да поттикнете повеќе цветање?
Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева светлина ќе поттикне најмногу цветање, па затоа, погрижете се растението да добие најмалку шест или повеќе часа директно сонце.
Исто така, не штедете на ѓубривото. И на крај, редовно отстранувајте ги веќе исушените цветчиња, за побрзо да добиете нови.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com