Совети за одгледување кампанула - едноставно цвеќе кое не бара голема нега

За добро да ви успее кампанулата, треба да ја посадите на сончево место. Доколку пак сакате да ја одгледувате како режано цвеќе, во тој случај засадете ја во посебен простор.

soveti-za-odgleduvanje-kampanula-ednostavno-cvekje-koe-ne-bara-golema-nega-01_copy.jpg

Кампанулата се одликува со многу раскошни цветови и токму поради тоа е доста привлечна.

Ова цвеќе води потекло од Јужна Европа и Турција, а се смета дека постојат околу 300 видови од него.

Кампанулата може да порасне од 40 до 80 сантиметри во висина, а цветовите може да бидат бели, виолетово-плави и розови.

Ова декоративно цвеќе се сади од мај до јуни и карактеристично е да цвета следната година од јуни до август, а некои видови и до крајот на есента.

Најпознати видови се Campanula medium, Campanula carpatica, Campanula isophylla, Campanula persicifollia и други.

soveti-za-odgleduvanje-kampanula-ednostavno-cvekje-koe-ne-bara-golema-nega-02_copy.jpg

Одгледување и нега на кампанула

Одгледувањето на кампанулата не е многу тешко, најчесто како и одгледувањето на повеќето градинарски цветни растенија.

Кампанулите треба да ги садите од мај до јуни и тоа директно во градината.

По никнувањето и откако ќе се развие доволно цврсто стебленце, може да ги пресадите на растојание од 30 до 40 сантиметри.

Земјата треба да биде благо неутрална до алкална, а и доста богата.

За добро да ви успее кампанулата, треба да ја посадите на сончево место. Доколку пак сакате да ја одгледувате како режано цвеќе, во тој случај засадете ја во посебен простор.

soveti-za-odgleduvanje-kampanula-ednostavno-cvekje-koe-ne-bara-golema-nega-03_copy.jpg

Ако ја чувате кампанулата на сончева страна, во лето потребно е да ја наводнувате двапати дневно, а ако пак се наоѓа на северната страна, може и преку ден.

За време на најинтензивниот раст, што е некаде од март месец и трае приближно 6 недели, кампанулата прихранувајте ја на секои 14 дена.

На есен, кога кампанулата ќе престане со цветање, треба да ја изрежете и да ја ставите во поладна просторија за да го помине зимскиот период, а тогаш треба само повремено да ја наводнувате.

На пролет, пресадете ја. Кампанулата лесно може да ја размножите со исечоци.

За да го продолжите цветањето на кампанулата, потребно е редовно да ѝ ги отстранувате прецветаните цветови и сувите ливчиња.

soveti-za-odgleduvanje-kampanula-ednostavno-cvekje-koe-ne-bara-golema-nega-04_copy.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Семејна куќа во Дојран е како сцена од есенска бајка - двор украсен со тикви, сено и пченка (фото) „Неколку тикви, сено, пченка, суви лисја и хризантеми во портокалова и жолта бој...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Идеи како да го украсите балконот со сезонско цвеќе (фото) Сезонски цвеќиња убаво распоредени низ просторот... Како да го украсите балконот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg