Совети за одгледување хортензии: Каде да ги засадите за да цветаат повеќе?

Хортензиите можат да ви ја разубават градината или балконот, но важно е да знаете дека се токсични за животни, па доколку имате миленик, чувајте ги надвор од негов дофат. Што друго треба да знаете за овој убав цвет?

kako-da-se-grizhite-za-hortenzija-povekjegodishno-rastenie-so-golemi-i-vpechatlivi-cvetovi-01.jpg

Ако барате растение со големи цветови, тогаш со хортензијата нема да погрешите. Ова цвеќе може да порасне како грмушка, брзо расте и за кратко време ќе го пополни просторот во вашата градина.

Хортензиите се повеќегодишни растенија кои од година во година непрекинато даваат цветови. Положбата на садење, негата, рутината за прихранување и наводнување може да влијаат на нивото на цветање. 

kako-da-se-grizhite-za-hortenzija-povekjegodishno-rastenie-so-golemi-i-vpechatlivi-cvetovi-03_copy.jpg

Неколку совети за одгледување хортензија:

Садење

Најдобро е хортензијата да ја засадите во есен или рана пролет. Важно е да ѝ се даде доволно време за да воспостави здрав коренов систем пред да цвета.

Најдобро време од денот за садење е рано наутро или доцна попладне. Поладните делови од денот нудат заштита од топлотен стрес. Додека не се создаде здраво растение, наводнувајте ја хортензијата често.

Најдоброто место за садење на хортензијата е заштитена локација, со сончеви утра и попладневни часови со сенка.

Избегнувајте садење директно под дрвја, за да не ѝ се одзема водата и хранливите материи, а исто така засадете ја на место каде што е заштитена од силен ветер, бидејќи ветрот може да ѝ ги уништи цветовите и да ѝ ги оштети ливчињата.

Што се однесува до почвата, добрата дренажа е од витално значење. Иако хортензиите сакаат влажна почва, тие не толерираат премногу влажност.

Влажната почва со слаба дренажа може да предизвика гниење на коренот, и тоа за само неколку недели.

kako-da-se-grizhite-za-hortenzija-povekjegodishno-rastenie-so-golemi-i-vpechatlivi-cvetovi-02_copy.jpg

Размножување на хортензија

Најлесен начин за размножување на хортензија е со исечоци. Едноставно, исечете гранка долга неколку сантиметри. Изберете понов зелен раст, а не стар кој тешко ќе се вкорени.

Ставете хормон за вкоренување и засадете го гранчето во саксија. Одозгора ставете пластичен капак за да го зголемите нивото на влажност и да поттикнете нов раст.

kako-da-se-grizhite-za-hortenzija-povekjegodishno-rastenie-so-golemi-i-vpechatlivi-cvetovi-04.jpg

Нега на хортензијата на крајот на сезоната

Кога ќе заврши сезоната на цветање, средете ги растенијата со сечење и кроење.

Во зависност од местото на садење, доколку е изложена на интензивен студ, хортензијата може да ја покриете со ткаенина за да ја заштитите од мраз, а исто така мулчирањето може да ви помогне да го заштитите кореновиот систем во текот на зимските денови.

kako-da-se-grizhite-za-hortenzija-povekjegodishno-rastenie-so-golemi-i-vpechatlivi-cvetovi-05.jpg

Токсичност на хортензијата

Хортензиите се сметаат за отровни за луѓето и за животните. Листовите, пупките и цветовите содржат цијаноген гликозид, кој може да предизвика гадење и повраќање при голтање.

За оние со чувствителна кожа, тие исто така може да предизвикаат мала иритација.

Голтањето обично не е фатално, особено кога е во мали количини, но се препорачува растенијата да се чуваат колку што е можно подалеку од деца и домашни миленици.

kako-da-se-grizhite-za-hortenzija-povekjegodishno-rastenie-so-golemi-i-vpechatlivi-cvetovi-06.jpg

М. Ѓ.| Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
6 совети со кои божурите во вазна ќе останат свежи и раскошни подолго време Што треба да направите пред да ги ставите во вазна и како треба да ги негувате з...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg