Совети за одгледување кротон – растение со уникатни листови кое бара посебна нега

Клучот за успешно одгледување на кротон е одржувањето на иста температура во секое време од годината. Кротонот е едно од ретките собни растенија на кои им е потребна светла положба.

soveti-za-odgleduvanje-kroton-rastenie-so-unikatni-listovi-koe-bara-posebna-nega-01.jpg

Кротонот е растение кое има многу впечатливи листови. Но, за да ви успее одгледувањето на ова декоративно и шарено цвеќе, ќе треба да потрошите малку повеќе време и да вложите повеќе труд.

Откако ќе успеете, кротонот ќе биде една од најубавите декорации во вашиот дом.

Постојат повеќе видови кротони кои се разликуваат по бојата и големината на листовите. Може да бидат тесни и издолжени, но и со неправилни форми. Заедничко за сите е што листовите им се доста цврсти.

soveti-za-odgleduvanje-kroton-rastenie-so-unikatni-listovi-koe-bara-posebna-nega-02.jpg

Во зависност од видот, сите имаат специфично изразена жолта, портокалова или розова нијанса. Колку повеќе е изложен на светлина, толку поживописни ќе бидат неговите бои.

Сите видови на кротон израснуваат во висина од 30 до 60 сантиметри и во ширина од 30 до 45 сантиметри. Доколку редовно се крои во текот на пролетта, кротонот ќе биде уште поразгранет.

soveti-za-odgleduvanje-kroton-rastenie-so-unikatni-listovi-koe-bara-posebna-nega-03.jpg

Нега и грижа за кротон

Клучот за успешно одгледување на кротон е одржувањето на иста температура во секое време од годината. Кротонот е едно од ретките собни растенија на кои им е потребна светла положба.

Колку повеќе светлина му обезбедите на крoтонот, толку поубава боја на листовите ќе има.

Може да биде и на сонце, но не преку целиот ден. Кога е изложено на сонце, не треба да биде влажно, за да не се појават изгореници.

Температурата не смеете да му ја менувате многу, зашто тогаш растението може да се уништи.

soveti-za-odgleduvanje-kroton-rastenie-so-unikatni-listovi-koe-bara-posebna-nega-04.jpg

Во лето полевајте го со вода умерено, еднаш до два пати неделно, а во зима еднаш неделно. Исто така, важно е да не дозволите почвата во саксијата да се исуши целосно, но и растението да не стои во вода.

За успешно растење ќе придонесе и секојдневното утринско прскање на листовите, за да му се обезбеди на растението потребната влажност, а за таа цел добро е да користите вода со помалку бигор.

Што се однесува до прихранувањето, најдобро за кротонот е да користите ѓубриво двапати месечно, со цел да го поттикнете неговиот раст.

soveti-za-odgleduvanje-kroton-rastenie-so-unikatni-listovi-koe-bara-posebna-nega-06.jpg

Пресадување и кроење на кротон

Пресадувањето на кротонот може да го правите на секои две години. Ако пак штотуку сте го купиле растението, подобро е да почекате и да го пресадите кога веќе нема да му биде удобно во таа саксија, па ќе мора да го пресадите во поголема.

На кротонот не му треба драстично кроење, но ако сакате да го намалите волуменот на листовите, може да направите мало кроење.

Но, имајте предвид дека сокот од кротонот е отровен, па доколку имате мали деца или домашни миленичиња, многу е важно да не дојде во контакт со нив!

soveti-za-odgleduvanje-kroton-rastenie-so-unikatni-listovi-koe-bara-posebna-nega-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg