Совети за одгледување петунии: Какви услови бараат и како до побујно цветање?

Петуниите бараат сончеви зраци, но имајте предвид дека за време на топлите летни денови ќе им биде потребна и слаба сенка, а не поднесуваат силен ветер или дожд кој може да им ги уништи цветовите. Како да одгледувате петунии?

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-01.jpg

Петуниите се едни од најпопуларните цвеќиња на нашите простори. Ги има во многу различни бои, шарени и еднобојни, а ги одгледуваме од пролет па сè до првите силни есенски мразови.

Може да ги посадите во саксии и да ги поставите на терасата или во дворот, а ако им ги пружите потребните услови, тие постојано ќе ве радуваат со своите весели цветови.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-09.jpg

Како се садат петунии?

Петуниите може да „се фатат“ од семе засадено во саксија и додека не израснат да се чуваат во затворен простор, на температура од 18°С до 24°С. Кога ќе пораснат доволно, може да ги пресадите во повеќе саксии или на отворено, во двор, но да ги поставите на место каде што ќе имаат доволно светлина.

Обично се садат во зима и се чуваат во затворен простор до почетокот на пролетта, кога ќе поминат студените денови. Но, не ги вадете веднаш надвор, туку постепено привикнувајте ги на надворешните услови.

Доколку немате можности да ги одгледувате сами дома од семе, млади садници петунии се продаваат уште од рана пролет.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-04.jpg

Какви услови бараат петуниите?

Петуниите бараат сонце, но имајте предвид дека за време на топлите летни денови ќе им треба и слаба сенка. Петуниите не поднесуваат силен ветер или дожд кој може да им ги уништи цветовите.

Најдобро растат во плодна, влажна, но добро дренирана почва. За време на долгите летни сушни периоди, одржувајте ја почвата влажна така што редовно ќе ги наводнувате.

На петунијата што расте во саксија во летниот период ќе ѝ треба секојдневно наводнување.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-02.jpg

Сепак, пред да ставите вода, најдобро е претходно да проверите дали почвата е целосно исушена, зашто прекумерното наводнување ќе предизвика растенијата да цветаат помалку.

Што се однесува до прихранувањето, во текот на летото редовно полевајте ги петуниите со течно ѓубриво, за да им овозможите постојано да цветаат. Течното ѓубриво ќе поттикне подобро цветање кое може да трае до појавата на првите есенски мразови.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-07.jpg

Во идеални услови, петунијата бара ѓубрење на секои 2 недели од почетокот до крајот на сезоната на растење. По прихранувањето, се советува обилно наводнување на растението за да не се изгорат корените и самото стебло.

Петунијата може да се храни и со органски ѓубрива, како што е талог од кафе кој содржи азот, фосфор и калиум, или пак зелен чај, кој содржи големо количество железо.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-03.jpg

Квасец за побујно цветање на петуниите

Прихранувањето со квасец е доста популарно помеѓу градинарите. Квасецот го храни коренот на растенијата, го промовира растот на листовите и го стимулира цветањето.

За таа цел, потребно е 200g свеж квасец да го растворите во 1l топла вода.

Темелно промешајте и преместете го квасецот на топло место каде што ќе го оставите да отстои неколку часа, но најдобро е да го оставите во текот на ноќта.

Во утринските часови, смесата мора да се разреди со вода во однос 1:10. Добиениот раствор користете го за наводнување.

Ако планирате прихрана преку листови, смесата треба да се разреди во сооднос 1:20.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-05.jpg

Пепел како ѓубриво

Уште еден производ кој градинарите го користат често е пепелот од изгорените дрвата кој е одличен извор на фосфор и калиум. Затоа, растворите од пепел се користат за прихрана на растенијата за време на периодот на цветање.

Подготовката на растворот е многу едноставна. Една и пол чаша просеан пепел од дрво растворете го во една кофа вода. Добро промешајте и користете го за прскање на растенијата. Таквото хранење не само што ќе ви овозможи да постигнете бујно цветање на петунијата, туку ќе ја заштити од многу штетници.

soveti-za-odgleduvanje-petunii-kakvi-uslovi-baraat-i-kako-do-pobujno-cvetanje-08.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Како да ги чистите и одржувате бели декоративните каменчиња во градината? Светлата боја на декоративен камен со текот на времето може да изгуби дел од сво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg