Совети за одгледување фотинија – растение кое расте како жива ограда, но и во саксија

Фотинијата не бара преголемо внимание, туку нејзината основна нега се заснова на редовно заливање, повремено прихранување, заштита и кроење на растението.

soveti-za-odgleduvanje-fotinija-rastenie-koe-mozhe-da-go-odgleduvate-i-kako-zhiva-ograda-no-i-vo-saksija-01.jpg

Фотинијата е прекрасно растение кое не бара голема нега. Новите израстоци во црвена боја го прават ова растение уште поспецифично и повпечатливо.

Се работи за издржливо и брзорастечко растение, а најчесто расте околу 30 сантиметри годишно.

Во зависност од видот, фотинијата расте до вкупни димензии помеѓу 1.5 и 4 метри висина и ширина, па е одличен избор за живи огради.

Какви услови да ѝ обезбедите на фотинијата?

Засадете ја фотинијата на сонце или делумна сенка, а избегнете изложување на ветрови.

Фотинијата најдобро расте во плодна и добро дренирана почва, а ако имате глинена или друга почва, измешајте со малку компост или ѓубриво.

Фотинијата не бара преголемо внимание, туку нејзината основна нега се заснова на редовно заливање, повремено прихранување, заштита и кроење на растението.

soveti-za-odgleduvanje-fotinija-rastenie-koe-mozhe-da-go-odgleduvate-i-kako-zhiva-ograda-no-i-vo-saksija-02_copy.jpg

Кога ја полевате фотинијата, ставајте ѝ вода директно во коренот, а не на листовите, зашто влажните листови имаат поголеми шанси да се заразат со габични заболувања.

Откако ќе потпорасне, фотинијата може да толерира умерена суша.

Жолто обоените листови најчесто укажуваат на растение кое има вишок вода. Исушените листови, пак, може да укажат на тоа дека фотинијата не е доволно наводнувана.

soveti-za-odgleduvanje-fotinija-rastenie-koe-mozhe-da-go-odgleduvate-i-kako-zhiva-ograda-no-i-vo-saksija-07_copy.jpg

Што се однесува до прихранувањето, користете балансирано ѓубриво кое содржи еднакви делови на азот, фосфор и калиум.

Ѓубривото треба да се стави рано наутро или навечер по наводнувањето на растението, а не прихранувајте ја фотинијата во текот на летните месеци.

soveti-za-odgleduvanje-fotinija-rastenie-koe-mozhe-da-go-odgleduvate-i-kako-zhiva-ograda-no-i-vo-saksija-04_copy.jpg

Како да одгледувате фотинија во саксија?

Покрај тоа што може да ја засадите во двор и како жива ограда, може да одгледувате фотинија и во саксија, а за таа цел изберете саксија која е широка и длабока најмалку 30 сантиметри.

Наполнете ја саксијата со квалитетна земја и ставете ја фотинијата во дупката, нежно зацврстувајќи ја.

Потоа, полејте ја добро со вода и ставете ја на светло место каде што има сонце.

Наводнувајте ја еднаш или двапати неделно, во зависност од временските услови.

Во пролет и есен прихранете ја со ѓубриво за да го поттикнете развојот на коренот и да добиете здраво зеленило.

Така посадената фотинија кастрете ја редовно, а најдобро е да ја режите во есен, за следната пролет да имате добро цветање.

soveti-za-odgleduvanje-fotinija-rastenie-koe-mozhe-da-go-odgleduvate-i-kako-zhiva-ograda-no-i-vo-saksija-03_copy_copy.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Како да ја исчистите фонтаната во вашиот двор и да ги отстраните алгите? Алгите се најлошиот кошмар на фонтаната во вашата градина. Ако имате п...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Цвеќе со опоен мирис – Совети за нега на алисум, народно познат како меден цвет Алисиумот има слатка арома, слично како медот. Неговите цветови растат заедно во...
Раскошни растенија за балкон – овозможуваат приватност и трпат сонце Покрај убавиот мирис, лавандата е одбивна за некои инсекти, а бидејќи расте како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg