Нолина – собно цвеќе со уникатно стебло кое не бара големо внимание

Со нејзиниот изглед потсетува на палма, но, всушност, нолината им припаѓа на сукулентите. Може да се одгледува и како бонсаи, а грижата за ова растение е вистинско задоволство и воопшто не е тешко, па погодна е и за почетници.

nolina-sobno-cvekje-so-unikatno-steblo-koe-ne-bara-golema-vnimanie-01.jpg

Ако сте љубители на собни цвеќиња, тогаш веруваме дека нолината е еден од вашиот избор. Нолината (Beaucarnea Recurvata) е уште позната и под името Слоново стапало.

Нејзиниот карактеристичен изглед со густо и набабрено кафеаво стебло од каде што како „фонтана“ излегуваат долги и тенки зелени листови, му дава на ова растение исклучително привлечен изглед кој никого не остава рамнодушен.

Со нејзиниот изглед потсетува на палма, но, всушност, нолината им припаѓа на сукулентите. Може да се одгледува и како бонсаи, а грижата за ова растение е вистинско задоволство и воопшто не е тешко, па погодна е и за почетници.

nolina-sobno-cvekje-so-unikatno-steblo-koe-ne-bara-golema-vnimanie-02.jpg

Нега и грижа за нолина

Со оглед на тоа што нолината спаѓа во групата на сукуленти, таа не бара голема нега.

Она што е важно е да ѝ обезбедите доволно светлина. Колку повеќе светлина му дадете на ова растение, толку поубаво и побујно ќе стане.

Сепак, доколку сте го чувале на засенчена позиција, немојте веднаш да го изложувате на прекумерна светлина. Прво, неколку дена ставајте ја нолината на сончево место, но само по неколку часа, за да може растението да се приспособи и да избегнете можни оштетувања.

Нолината едноставно ја обожава директната светлина, што не е случај со многу други собни растенија. Во текот на летото, исто така можете да ја извадите нолината надвор на сонце.

nolina-sobno-cvekje-so-unikatno-steblo-koe-ne-bara-golema-vnimanie-03.jpg

Наводнување и прихрана на нолина

Што се однесува до студените денови, нолината не е премногу чувствителна, туку секоја температура која е над нулата нејзе ѝ одговара, па дури и ладните и влажни прозорци не ѝ пречат.

Она на што треба да внимавате во постудените денови, е да го намалите наводнувањето на минимум или пак воопшто да не ја полевате.

Со оглед на тоа дека е сочно растение, нолината има доволно резерви на вода во своето стебло.

Што се однесува до жешките летни денови, може да ја полевате еднаш неделно, но само доколку почвата е целосно сува.

И во однос на прихранувањето, нолината нема големи барања. Она што не ѝ годи е многу сув воздух, па затоа избегнувајте да ја ставате блиску до радијатори или други грејни тела.

Во периодот на раст од пролет до есен, може да користите универзално ѓубриво за прихрана и тоа еднаш или двапати месечно.

Нолината сака лесна почва, па затоа пресадете ја во мешавина за кактуси или сукуленти.

nolina-sobno-cvekje-so-unikatno-steblo-koe-ne-bara-golema-vnimanie-04.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Совети за одгледување импатија - цвеќе кое е совршено за балкон со малку сонце За да израснете здраво растение кое ќе ви цвета редовно, изберете место што доби...
Совети за одгледување абутилон – интересно собно растение со уникатни цветови Иако абутилоните ќе бидат добри и со делумна сончева светлина, целосната сончева...
Совети за одгледување шефлера – цвеќе кое расте брзо и е погодно за почетници Доколку немате премногу време да им посветите на собните цвеќиња, а сакате нешто...
Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор? На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно...
Совети за одгледување лаванда во саксија За најдобри резултати, обезбедете ѝ на вашата лаванда доволно светлина и сува&nb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg