Постои една категорија на луѓе кои се славни по тоа што успеваат да одржат мала зелена градина меѓу ѕидовите на својот дом, во превод - во затворен простор. Ако спаѓате во оваа категорија, тогаш сигурно ја знаете и убавината на тоа да зготвите вкусен ручек во кој ќе додадете зачин кој самите сте го израснале од моментот кога тој беше букално зрно семе. Свеж босилек во салата со домати - нема подобро. Ако, пак, се уште само сонувате за своја градина во топлината на домот, треба да знаете дека не ви треба двор за да научите како растат одредени билки.