Зошто во двор треба да ставите лажица со шеќер и вода?
Идејата за поставување на лажица со мешавина од шеќер и вода веќе подолг период се шири по социјалните мрежи. Изгледа чудно и необично, но постои добра причина зошто уште денес треба да го направите истото.
Во последните 5 години популацијата на пчелите е опадната за една третина. Кога пчелите би изумреле, на човештвото би му останале уште 4 години живот, наведува британскиот зоолог Дејвид Атенброу.
Ситуацијата ќе ја спасите ако го направите трикот со лажицата полна со шеќер и вода.
Земете голема лажица. Во неа промешајте шеќер и вода. Оставете ја на видно место во тревата или до цвеќињата во дворот или на терасата.
Во овој период од годината пчелите честопати изгледаат како да умираат или како да се веќе мртви, но не мора да биде така. Пчелите знаат само да се изморат и да им снема сила за да се вратат до кошницата.
Едноставната мешавина од шеќер и вода ќе ја освежи исцрпената пчела и ќе ѝ помогне да си го продолжи патот до кошницата.
Доволни се 2 лажици бел шеќер со 1 лажица вода и добиената смеса добро да ја распоредите на повеќе видни места.
М. Д. | Црнобело