Декорација во домот и додаток во храната – Како да одгледувате босилек?

Билките сѐ почесто се наоѓаат во домашните градини, а босилекот е дефинитивно растение кое ќе го збогати и раззелени вашиот дом, а притоа ќе имате одличен додаток за храната.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-01.jpg

Босилекот може да го чувате во саксија или во тегличка на тераса или во кујна покрај прозор, а ќе изгледа декоративно и притоа секогаш ќе го имате при рака за готвење.

Вкусен е и одлично се вклопува во јадења како пица, тестенини и салата, а најдобро е ливчињата да се додадат на крај свежи или пред да биде готово јадењето.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-02.jpg

Босилекот е и главна состојка на пестото, па може да ви се најде доколку сте љубител на овој италијански сос.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-03.jpg

Ова растение има и лековити својства - помага за смирување на желудникот, релаксација и намалување на главоболка, а за таа цел се користи како чај, подготвен со свежи или суви ливчиња.

Во летните месеци може да ви послужи и како додаток во омилените пијалаци како мохито или џин-тоник, а ќе даде одличен шмек.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-04.jpg

Како да го одгледувате босилекот?

Босилекот воопшто не е тежок за одгледување, но треба да обрнете внимание на неколку работи:

Најдобро е да го посадите пред да почнат големите жештини, а ако имате повеќе исти билки во една саксија или во градината, важно е да има растојание од 30-40cm помеѓу нив.

Теглата или саксијата најдобро е да се чува покрај прозор за да има доволно сончеви зраци, но не премногу за да не се исуши од топлото.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-05.jpg

Босилекот сака умерено топла клима и околу 6 часа сонце дневно, а најниската температура на која опстанува е 10 степени. Ако го чувате на тераса, нека биде на место каде што има доволно светлина, но не да го грее сонце цел ден.

Се наводнува кога ќе забележите дека земјата е сува, но избегнувајте да ги полевате листовите. Во лето кога е многу топло, може да се наводнува секој ден.

Како да го сечете босилекот?

Немојте да ги кинете ливчињата кога нема многу и не ги вадете сите одеднаш, доволно е да исечете 3-4 ливчиња одеднаш.

Листовите може да ги сечете кога билката има барем 6 листови и е порасната доволно.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-07.jpg

Ако сакате растението постојано да расте и да го користите како додадок во исхрана, а не само како цвеќе, треба постојано да го сечете.

Кога босилекот ќе почне да раѓа цветови, треба редовно да ги сечете тие делови, за да поттикнете раст на нови ливчиња.

dekoracija-vo-domot-i-dodatok-vo-hranata-kako-da-odgleduvate-bosilek-008.jpg

Погледнете и идеи за Саксии со свежи зачини - практична декорација за кујна и тераса (фото)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни Одберете вид на дрво кое расте бавно, не претерувајте со наводнување и повремено...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Совети за одгледување кампанула - едноставно цвеќе кое не бара голема нега За добро да ви успее кампанулата, треба да ја посадите на сончево место. Доколку...
Три пролетни цвеќиња кои внесуваат среќа во домот Свежите цвеќиња сами по себе носат пријатно чувство, но доколку решите да внесет...
Совети за одгледување бугенвилија – бајковитото цвеќе што го гледаме низ Грција Бугенвилијата може да ја одгледувате и како растение кое ползи, но и како грмушк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg