Совети за одгледување адам – тропско растение со големи листови, совршено за во двор
Ова растение е отровно, односно, неговиот сок може да предизвика алергиски реакции, па затоа не се препорачува да се одгледува во просторија каде што престојуваат деца.
Адам (Alocasia odobra) е едно од најчесто одгледуваните растенија на нашите простори.
Привлечно е поради големите широки листови и може да порасне во висина до 3 метри.
Расте прилично брзо, а за неговиот раст е карактеристично тоа што долните листови изумираат, додека секогаш се појавуваат нови листови, малку поголеми од претходните.
Ова растение е отровно, односно, неговиот сок може да предизвика алергиски реакции, па затоа не се препорачува да се одгледува во просторија каде што престојуваат деца.
Како да се грижите за растението адам?
Растението сака добра светлина, но не да биде изложено директно на сонце. Исто така, избегнувајте да го чувате во многу темни простории.
Што се однесува до наводнувањето, во лето потребно е да го наводнувате секој ден, но никогаш да не дозволите коренот да биде целосно во вода, бидејќи може да се појави гниење.
Во зимскиот период, наводнувањето треба да биде кога подлогата целосно ќе се исуши.
Најдобро е да го полевате почесто, по малку. Користете вода на собна температура или по можност со дождовница.
Растението не толерира многу сув воздух во домашни услови. Тоа е тропско растение кое бара нормална или висока влажност.
Што се однесува до прихранувањето, еднаш месечно е повеќе од доволно. Не мачете се во зимскиот период да му ставате ѓубриво, освен ако растението сè уште активно расте, односно, ако се појават нови листови.
Кога ќе биде во фаза на мирување, нема потреба од прихранување.
Му одговара топло место, не помалку од 15°C. Во пролет и лето може да го чувате и надвор, а околу на почетокот на месец ноември, задолжително внесете го во домот за да го заштитите од ниските температури.
Пресадување и размножување
Пресадувањето не е нужно, но ако растението веќе ја надраснало саксијата, во пролет може да го засадите во малку поголема саксија.
Што се однесува до размножувањето, ова растение има стебло од кое често се формираат нови растенија. Со одвојување на младото растение од стеблото, може да добиете нова билка.
М. Ѓ. | Црнобело