Што знаеме за бремената убавица, која наводно е причината за развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер?
Токму тогаш, тој беше осуден за флерт и недолично однесување додека е во брак со Ана, откако по заедничката анализа, тој се пошегува и ѝ рече: „Ти благодарам Естер, ова беше многу забавно. Сега ќе одиме на одмор 2 недели, нели?“
„Да секако... Не, не не. Секако дека не! Уживај со твоето семејство“ – одговори таа, по што се создаде непријатен момент, во кој таа го потсети дека има сопруга и деца.
Не се знае многу за нејзиниот приватен и љубовен живот, но познато е дека порано била во врска со германскиот голман Кевин Трап, а последно, дека е во брак со германски бизнисмен со кого има ќерка и син.
Сега таа е повторно бремена, но во јавноста не споделува фотографии со нејзиниот мистериозен сопруг, ниту се знае дали уште се заедно.
Иако не споделува моменти со сопругот на Инстаграм, сепак со Бастијан има огромен број објави и изгледа како да не се одвојува од него.
Погледнете повеќе фотки од нив двајца:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





