„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак

Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи повеќе… Некои од познатите личности откриваат зошто веќе не сакаат да одат на љубовни состаноци или да стапат во брак.

poznati-lichnosti-so-zabavni-izjavi-zoshto-ne-sakaat-ljubovni-sostanoci-ili-stapuvanje-vo-brak-01.jpg

Јавноста отсекогаш била заинтересирана за љубовните животи на познатите, со кого се во врска или во брак.

Но, и покрај тоа што гледаме како јавните личности повеќепати стапуваат во брак и (бргу) се разведуваат, некои од нив претпочитаат да останат сами.

Некои славни личности изјавиле дека веќе не сакаат да одат на љубовни состаноци или да стапуваат во брак - ова се нивните изјави:

Шерон Стоун

„Завршив со одење на состаноци. Имав проблеми со запознавање затоа што, едноставно, сметам дека луѓето се неискрени и не вреди да си го трошам моето време.

Повеќе уживам кога сум сама и во времето со моите деца и пријатели. Не ми треба уште едно дете“.

poznati-lichnosti-so-zabavni-izjavi-zoshto-ne-sakaat-ljubovni-sostanoci-ili-stapuvanje-vo-brak-02.jpg

Бил Махер

Актерот, кој глумеше во Young Sheldon, никогаш не бил во брак. Тој во една прилика изјавил:

„Не разбирам како можете да бидете со истата личност ден по ден, месец по месец, година по година. Едноставно не го разбирам тоа“.

poznati-lichnosti-so-zabavni-izjavi-zoshto-ne-sakaat-ljubovni-sostanoci-ili-stapuvanje-vo-brak-03.jpg

Џејн Фонда

„Не сакам повеќе да бидам во врска, во сексуална врска. Ја немам таа желба“ - е една од попознатите изјави на актерката.

Во друга пригода, таа изјавила:

„Кога сум сама, можам да направам многу повеќе“.

poznati-lichnosti-so-zabavni-izjavi-zoshto-ne-sakaat-ljubovni-sostanoci-ili-stapuvanje-vo-brak-04_copy.jpg

Шакира

Шакира никогаш не била во брак. Во една прилика изјавила:

„Да ви кажам искрено, бракот ме плаши многу. Не сакам тој да ме гледа како сопруга. Претпочитам да ме гледа како своја девојка“.

poznati-lichnosti-so-zabavni-izjavi-zoshto-ne-sakaat-ljubovni-sostanoci-ili-stapuvanje-vo-brak-05.jpg

Челзи Хендлер

„Имав многу момчиња, еден или два предлози за брак. Откако го доживеав сето тоа и сериозно размислував за брак, претпочитам во ресторанот на животот да резервирам маса само за еден“.

poznati-lichnosti-so-zabavni-izjavi-zoshto-ne-sakaat-ljubovni-sostanoci-ili-stapuvanje-vo-brak-07.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg