Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се разведуваат Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер по 9 години брак – живееле одвоено веќе 2 месеца

Според германските медиуми, поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер одлучиле да се разведат, наводно поради фактот што голем дел од времето воопшто не се заедно. Моментално, Бастијан бил во Индонезија, додека Ана е во Белград со нивните три деца.

se-razveduvaat-ana-ivanovikj-i-bastijan-shvajnshtajger-po-9-godini-brak-zhiveele-odvoeno-vekje-2-meseca-01.jpg

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведуваат, по девет години брак.

37-годишната Ана и 40-годишниот Бастијан беа меѓу омилените парови во светот на спортот и служеа како пример за стабилен брак.

Но сега, според германскиот магазин Bunte кој се повикува на свои извори, вели дека парот одлучил да стави крај на бракот. Засега Ана и Бастијан ја немаат потврдено разделбата, но според магазинот, живеат одвоено веќе два месеца.

Изворите на магазинот немаат наведено причини за развод, но откриваат дека Бастијан почесто престојува во Минхен, додека Ана е во Белград со нивните три деца – Лука (7), Леон (4) и Тео (1).

Истата вест ја споделува и друг германски магазин – Bild – кој се повикува на други извори.

Од магазинот стапиле во контакт со портпаролот на Бастијан, кој им соопштил дека тој и Ана не планираат да коментираат лични проблеми. Исто така, потврдиле дека моментално Бастијан е во Џакарта.

Бастијан и Ана првпат се сретнале во 2014 година во Њујорк. Почнале врска речиси веднаш, а Бастијан ја запроси само неколку месеци по првиот состанок.

Парот се венча во 2016 година, во Венеција, и добија три деца, од кои најмалото се роди минатата година.

Низ годините, секогаш заедно присуствуваа на важни настани и честопати беа забележувани во јавност.

Но, изминативе неколку месеци нивните заеднички излегувања станале поретки.

Дури и нивната последна заедничка фотка на Инстаграм е од пред четири месеци. Ана има споделено и видео со Бастијан пред околу еден месец, но тоа е реклама.

Иако делуваа среќно, според изворите на Bild, голем дел од времето Ана и Бастијан поминувале одвоено.

Додека Ана седела во Белград со нивните деца, Бастијан честопати патувал поради работни обврски. И, ова значително им ја отежнало врската.

se-razveduvaat-ana-ivanovikj-i-bastijan-shvajnshtajger-po-9-godini-brak-zhiveele-odvoeno-vekje-2-m.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Добија близнаци во тајност, не се видени заедно 2 години: Љубовната приказна на Ана Курникова и Енри... Заедно се повеќе од две децении, но не планираат да се венчаат. А, иако никој не...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg