Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со санки
- Детали
- вторник, 24 декември 2024
Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а цело семејство ужива во селото на Дедо Мраз и во топли напитоци покрај камин на минусните температури во Лапонија, Финска.
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез деновиве се на претпразнично патување во Лапонија, Финска заедно со нивните деца.
Тие уживаат во зимската идила, а на Инстаграм споделија фотки од снегот кој речиси ја затрупува вратата од нивното сместување, но тоа не ги спречува да создаваат спомени.
Џорџина открива дека температурите достигнуваат до -8 степени Целзиусови, а се греат со топли напитоци покрај камин.
Кога фудбалерот одмара од работни ангажмани, практикува да оди на патувања со семејството и е целосно посветен на децата.
Па така и на зимската авантура во Лапонија, тој сподели како се вози на моторни санки со синот и позира покрај ирваси.
Парот ги израдува децата и ги однесе и во селото на Дедо Мраз, каде во својата куќа тој им пее традиционални песни и ги анимира.
Кликнете за да го погледнете видеото од посетата на Дедо Мраз:
Уште неколку фотки од нивното патување во Лапонија:
M. M. | Црнобело