Џорџина на скијање сама со децата, откако Роналдо ја откри причината зошто уште не ја запросил: „Чекам нешто да кликне“
- Детали
- вторник, 25 март 2025
„На другарките постојано им велам дека не е до мене“ – рече Џорџина во виралното видео во кое Роналдо открива зошто не ја запросил по речиси 10 години врска и две заеднички деца. Сега таа ужива на скијање на француските Алпи со пријатели и децата, без саканиот, додека јаде храна која тој не ја одобрува.
Деновиве вирално се ширеше видео кое е извадок од документарната серија на Џорџина Родригез, во кое таа и Роналдо зборуваат на темата која сите ги интересира – зошто уште не се во брак.
Тие се заедно цели 9 години, таа ги прифати неговите деца од сурогат мајки како свои, а имаат и две заеднички деца – Алана и Бела.
Сепак, и покрај тоа што многупати тој во своите говори за благодарност ја нарекува своја сопруга, а на раката таа носи прстени кои наликуваат на свршенички, тие никогаш не потврдиле дека се во брак, па сега Кристијано ја откри причината за тоа.
Во интервју за реалното шоу на Нетфликс, Џорџина признава дека пријателките секогаш се шегуваат со неа за ова:
„Секогаш прашуваат кога ќе биде свадбата и ми ја пеат песната од Џенифер Лопез - El Anillo (Прстенот), но јас им велам дека тоа не зависи од мене“.
На нејзиниот одговор се надоврзува Роналдо, кој вели:
„Јас секогаш ѝ кажувам – кога ќе ни кликне моментот. Како и многу работи во животот, таа знае за што зборувам, може да биде за една година, за 6 месеци или за 1 месец, но со сигурност ќе се случи“.
По виралното видео, Џорџина објави серија фотки на кои се гледа дека таа е препуштена на зимскиот одмор и скијањето на француските Алпи, заедно со пријателите и децата, но без саканиот.
Облечена во стилски аутфити кои ја покажуваат нејзината фигура, но и во скијачки одела, таа ужива во своето кафе, луксузните специјалитети, но и во храна како пржени компирчиња, и покрај тоа што Роналдо не одобрува вакви јадења за неговото семејство.
Повеќе фотографии од одморот на Џорџина:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





