Познати личности кои ги отстранија филерите (и зошто)
- Детали
- понеделник, 13 мај 2024
Аријана Гранде ставала филери и ботокс уште во тинејџерските години, а решила да ги отстрани во 2018-та истакнувајќи дека сега е вљубена во своите брчки од смеење.
Ставањето филери на лицето стана честа практика, и тоа не само кај славните личности.
Но, во последно време, се чини дека сè повеќе од нив одлучуваат да ги отстранат.
Најчесто причината е тоа што сфатиле дека претерале и наместо само да го освежат изгледот, со филерите целосно си го промениле лицето, дури и на полошо.
Некои од ѕвездите продолжиле да користат филери и слични третмани, но многу поумерено.
Неколку ѕвезди кои ги отстранија филерите:
Оливија Кулпо
Во објава на Инстаграм Стори од годинава, Оливија Кулпо откри дека ги отстранила филерите од усните пред нејзината свадба.
„Пресреќна сум со нивниот изглед сега. Размислувам повторно да ставам во иднина, но мислам дека ќе ги оставам усните природни за свадбата“, изјави таа.
Аријана Гранде
Пејачката со години негираше дека користи филери и ботокс, но во 2023-та откри дека не само што користела, туку и ги извадила и сега тврди дека нејзиното лице е природно.
„Низ годините имав ставено цел тон филери и ботокс. Престанав во 2018-та бидејќи чувствував дека беше премногу.
Сакам да ги гледам брчките од смеење. Се надевам дека ќе се продлабочат бидејќи ќе се смеам повеќе и повеќе. Стареењето може да биде убаво нешто“.
Блек Чајна
Блек Чајна се прослави само поради бројните естетски корекции, но и таа крена раце од нив.
Во 2023-та, таа го пренесуваше целото искуство на отстранување на филерите од образите и вилицата.
„Уморна сум од овој изглед и не е убав. Јас не изгледам вака. Подготвена сум да ѝ се вратам на Ангела (нејзиното вистинско име)“.
Талула Вилис
Годинава и една од ќерките на Деми Мур и Брус Вилис реши да ги отстрани филерите.
„Ми беше страв да споделам, но неодамна ги отстранив филерите.
Си ја немав видено мојата структура на коските веќе шест години“.
Сајмон Кауел
Во 2022 година, во интервју за The Sun, Сајмон Кауел изјави дека претерал со филери и ботокс.
„Имаше период кога си помислив дека можеби сум претерал. Видов фотографија од мене од пред да ставам филери и најпрво не се препознав.
Син ми Ерик многу се смееше. Сега веќе нема филери во моето лице“.
Кристин Дејвис
Ѕвездата од Sex and the City ги извади филерите во 2023 година.
Актерката изјави дека решила да ги отстрани по лош третман и сега негува природен изглед.
Спирова С. | Црнобело