Познати личности кои драстично ослабеа годинава (и како)
- Детали
- недела, 01 декември 2024
Миа Костова откри дека ослабела 17 килограми за 10 месеци со броење калории. Кои светски познати личности се трансформираа годинава?
Годинава многу познати личности драстично се променија, најмногу поради слабеење.
Некои гордо се пофалија дека почнале да се хранат поздраво и да вежбаат, додека други се потпреле на лекови за слабеење.
Кои познати личности драстично ослабеа во 2024-та?
Кели Кларксон
Пејачката откри дека безуспешно пробувала да ослаби со диети и вежбање, па на крај морала да користи лек за слабеење.
Таа истакна дека не станува збор за Оземпик, туку лек кој ѝ бил препишан од медицинско лице.
Кели Озборн
Ќерката на Ози Озборн отворено кажа дека ослабела со Оземпик.
Притоа, остро ги критикуваше славните личности кои ослабеле со лекот, а ја лажеле јавноста.
Таа смета дека со тоа им даваат лажна надеж на фановите дека и тие можат да постигнат брзи резултати само со диети и вежбање.
Пост Малон
Пејачот се пофали дека ослабел околу 27 килограми.
Тој откри дека многу се здебелил поради турнеите, каде што јадел само брз храна.
Но, токму на турнеја сфатил дека може да си нарачува и здрава храна, па по некое време, килограмите сами се стопиле.
Кристина Агилера
Моментално Кристина Агилера е можеби и послаба отколку од почетокот на кариерата, поради што се соочи и со критики.
Засега нема откриено како се ослободила од килограмите, но како за секоја ѕвезда, фановите шпекулираат дека станува збор за Оземпик.