Познати личности кои драстично ослабеа годинава (и како)
Кајли Џенер
Трансформацијата на Кајли стана очигледна летоска, кога се појави на насловната страница на Vogue.
Потоа, во интервју, Кајли рече дека во текот на двете бремености се здебелила над 25 килограми, и дури сега успеала да се ослободи од нив со вежбање и здрава исхрана.
Лизо
Една од подрастичните трансформации е она на пејачката Лизо.
Таа откри дека ослабела во период од пет месеци, со броење калории и многу интензивни тренинзи.
Аријана Гранде
Младата пејачка никогаш немала проблеми со вишокот килограми, па затоа и нејзиното слабеење беше пречекано со критики.
На лошите коментари, Аријана само договори дека кога имала повеќе килограми, била најнездрава, односно тогаш пиела алкохол, земал антидепресиви и јадела нездрава храна.
Вели дека слабела природно, бидејќи ги заменила лошите животни навики.
Миа Костова
Од нашите познати личности, годинава Миа Костова откри дека ослабела 17 килограми за 10 месеци.
Таа објави видео во кое зборува за слабеењето и одговара на прашањата од следбениците.
Миа нагласи дека не држела диета, ниту следела некој режим на исхрана.
Едноставно, броела калории.
Сепак, порача дека секој од нас е различен и она што функционирало за неа, можеби нема да биде добар начин на слабеење за некој друг.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





