Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе сама“

„Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат што сакаат, а јас не можам да издржам и само им дозволувам за да не плачат и не знам да кажам НЕ, посакувам да бидам строга како Клои. Тешко ми е да управувам сама домаќинство со 4 деца“ – признава Ким во телефонски повик додека си ја празни душата.

kim-kardashijan-se-zhali-deka-decata-i-se-nadvor-od-kontrola-se-zakluchiv-sama-vo-banjata-ne-mozham-sama-01.jpg

Во новата епизода од реалното шоу за семејството, Ким Кардашијан се отвори за борбата во одгледувањето на 4 деца.

Откако се раздели со Канје Вест, таа живее сама со нејзините 4 деца, Норт Вест (10), Чикаго Вест (6), Сент Вест (8) и Псалм Вест (4).

Иако е дискутабилно колку навистина целосно сама ги одгледува децата, сепак, таа изгледа е „прегорена“ од самостојното родителство и ѝ требало некаде да се исповеда за ситуацијата во домот. 

Ријалити ѕвездата, додека се вози во автомобил, се јавува на некого на телефон и почнува да си ја отвора душата и да се жали за предизвиците со кои се соочува како самохрана мајка.

kim-kardashijan-se-zhali-deka-decata-i-se-nadvor-od-kontrola-se-zakluchiv-sama-vo-banjata-ne-mozham-sama-03.jpg

Дел од нејзината исповед кон мистериозна личност во телефонскиот повик, гласи: 

„Имав многу тешка недела, мислев дека ќе полудам. Едноставно... сè во тој дом е хаотично моментално.

Мислам, сакав да кажам, имав онлајн состанок додека децата беа дома, и тропаа по врата, врескаа, а јас буквално се криев во бањата со заклучена врата, бидејќи не ми се веруваше. Тоа ми е најголема ноќна мора.

Понекогаш станува многу напорно. Сакам да бидам како Клои, но тешко ми е да кажам НЕ и тоа да биде разбрано. Мислам дека не сакам да се справувам со плачењето кога нема да биде по нивно.

kim-kardashijan-se-zhali-deka-decata-i-se-nadvor-od-kontrola-se-zakluchiv-sama-vo-banjata-ne-mozham-sama-05.jpg

Не можам повеќе вака, изгубив трпение, а тоа беше мојата супермоќ - трпение и смиреност. Знаат кога да ми се спротивстават и да почнат со нивното плачење, па јас почнувам да им попуштам, велејќи: Добро добро доста, еве земи го iPad-от само престани.

Морам да почнам да имам став дека не ми е гајле ако ми покажат тантруми пред сите, дека одговорот е не.

kim-kardashijan-se-zhali-deka-decata-i-se-nadvor-od-kontrola-se-zakluchiv-sama-vo-banjata-ne-mozham-sama-07.jpg

Но, немам поддршка и тоа е ужасно, знам дека морам да се соберам. Секогаш ќе бидам тука за децата и би одела до крај на светот за нив, ама не можам да кажам дека некогаш емоциите не ме совладуваат.

Многу ми е тешко ова, да се справувам со 4 деца и домаќинство, кога сите сакаат нешто различно, а јас сум само една личност. Со ова секогаш ги замолчувам.

kim-kardashijan-se-zhali-deka-decata-i-se-nadvor-od-kontrola-se-zakluchiv-sama-vo-banjata-ne-mozham-sama-06.jpg

Им велам, Добро дечки, сакате ли да се исечам на 4 парчиња и да се поделам кај секој од вас? И тие почнуваат да велат Не, не, не го прави тоа.

Па јас им кажувам дека мора да се смират ако не го сакаат тоа.“

Ова е уште еден доказ дека „животот не е Инстаграм“ и дека дури и во семејствата на познатите личности, работите не течат како мед и млеко, туку се соочуваат со исти предизвици како и сите останати. 

kim-kardashijan-se-zhali-deka-decata-i-se-nadvor-od-kontrola-se-zakluchiv-sama-vo-banjata-ne-mozham-sama-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg