Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“
- Детали
- четврток, 11 јули 2024
„Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците на Малума, откако тој објави видео на кое се гледа како ја бричи главата на 4-месечната ќерка. Многумина се прашуваат зошто го прави тоа, а други застанаа во негова одбрана.
Колумбискиот музичар Малума во последните 4 месеци се труди да покаже дека е татко за пример, па на Инстаграм редовно објавува фотографии со ќерката Парис и партнерката Сузана Гомез.
Каде и да оди, Малума во раце ја држи ќеркичката, а сега на социјалните мрежи предизвика вистинска дебата, откако објави видео на кое ѝ ја бричи главата.
На видеото се гледа како бебето спие, а тој внимателно со брич ги отстранува влакненцата од нејзиното главче, додека мајка ѝ ја придржува.
За да го погледнете видеото, кликнете на стрелките во објавата:
„Зошто ѝ ја бричиш главата?“ – прашуваа голем број од неговите следбеници.
Иако немаше директен одговор од музичарот, голем број од неговите следбеници појаснија дека тоа е сосема нормално во голем број култури низ светот и дека косата треба да се избричи и по неколкупати за да порасне поздрава и поцврста.
„Што правиш по ѓаволите? Зошто му ја бричиш главата на бебето? Леле, можеби си одличен музичар, но си лош родител!“;
„Мислев дека ќе ѝ ја раскрвави главата со бричот! Можеби има некоја вистина дека косата ќе ѝ порасне подобра, затоа што јас ги бричам нозете и влакната растат поцврсти“ – стои во некои од коментарите.
Други пак, одлучија да застанат во одбрана на Малума и Сузана, па порачаа:
„Знаете ли зошто му ја бричат главата на девојчето? Затоа што тие се нејзини родители, престанете да им кажувате што треба или не треба да прават …“
Прочитајте и Со години ја чекаше да се разведе, сега страсно ја бакнува пред цел свет – Малума со девојката на Billboard Latin Awards 2022 (фото+видео)
Погледнете повеќе фотографии од Малума со ќерката и партнерката:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





