Татко и партнер за пример: Малума ѝ ги облекува чевлите на бремената девојка
- Детали
- понеделник, 29 јануари 2024
Додека некои ѕвезди кријат дека очекуваат деца, Малума се труди да објави фотки од секој миг поминат со бремената партнерка. Така, тој се пофали дека ѝ ги облекува чевлите на девојка му Сузана, од која не се одвои на прославата на неговиот 30-ти роденден.
Познатиот колумбиски музичар Хуан Луис Лондоно, попознат како Малума, во саботата (27.01) го прослави својот 30-ти роденден, а по тој повод објави повеќе фотографии од прославата.
Музичарот направил голема забава во неговиот роден град, Меделин, а како што може да се види од фотките и видеата од прославата, тој не сакал ниту на секунда да се одлепи од девојката Сузана Гомез која е бремена со неговото прво дете, девојче на кое одлучија да му го дадат името Париз.
Фотки на кои се гледа како Сузана му помага да ја закопча кошулата, но и фотки на кои тој ѝ помага да си ги облече чевлите за да не се наведнува со трудничкиот стомак.
На Инстаграм се објавени фотки на кои Сузана е во златен фустан и високи потпетици, а на социјалните мрежи е објавено уште едно видео на кое се гледа дека таа и музичарот заедно танцувале на прославата.
Но, овој пат високите потпетици ги заменила со ниски бели влечки. Фустанот и накитот се исти, но, очигледно Сузана не сакала да ризикува со високите потпетици.
Погледнете го видеото од танцот на Малума и Сузана:
Инаку, за потсетување, Малума долго време се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, а со девојката објавуваше само ретки фотографии.
Но, тоа се промени откако светот дозна дека неговата девојка е бремена со нивното прво заедничко дете.
Погледнете уште неколку фотки од Малума и Сузана во продолжение:
Прочитајте и Романтичната љубовна приказна на Малума и неговата избраничка - тајно бил вљубен во скромна девојка
Б. С. Б. | Црнобело