Гордоста на тато: Еминем танцува со ќерката на нејзината свадба, мајка ѝ ја нема на семејните фотки
- Детали
- вторник, 21 мај 2024
Младоженецот по 9 години врска одлучил да ја запроси Хејли, ќерката на Еминем, но претходно побарал дозвола од татко ѝ. Еминем гордо позираше со ќерката и зетот, што е потврда дека му се допаѓа момчето со кое таа одлучила да го помине животот. Мајка ѝ, Ким, ја нема на семејните фотки.
Ќерката на светски познатиот рапер Еминем, Хејли Џејд Матерс (28), која јавноста ја запозна уште кога беше бебе благодарение на тоа што играше во спотовите на татко ѝ, викендов стапи во брак со нејзиното момче Еван МекКлинток (28).
Таа на својот Инстаграм профил објави повеќе фотки од свадбата на кои позира во бела венчаница со долга опашка како сирена.
„Се разбудив како сопруга неделава. Не можевме да посакаме поубава прослава викендов. Пролеавме многу солзи, насмевки и чувствував толку многу љубов.
Еван и јас сме благодарни за сите роднини и пријатели што допатуваа и беа дел од ова ново поглавје во нашите животи како сопружници“ – напиша Хејли до фотографиите.
Освен фотките што ги објави Хејли, на социјалните мрежи се споделуваат фотките на кои 51-годишниот Еминем танцува со својата ќерка, а како што може да се забележи, тој костумот во оваа пригода го искомбинирал со патики.
Хејли и Еван се во врска 9 години, а се запознале додека заедно студирале. Ќерката на Еминем студирала психологија, додека нејзиниот сопруг студирал економија.
По долгогодишната врска, Еван одлучил да ја запроси својата сакана, но како што откри, пред да клекне на едно колено, тој побарал дозвола од нејзиниот татко.
Тоа го направил за време на божиќните празници додека семејството истовремено го славело роденденот на Хејли.
„Постојано барав можност тоа да не биде премногу очигледно. Го видов татко ти како слегува долу и си помислив... Мора да го направам сега, или ќе треба да барам друга пригода.
Така, само го следев долу и додека ја земаше твојата торта го прашав“ – ѝ раскажа Еван на Хејли во нејзиниот подкаст Just A Little Shady.
Инаку, свадбата на Хејли и на Еван се одржа на приватен имот со градба инспирирана од француските замоци од 17-тиот век.
Според пишувањата на TMZ, на свадбата присуствувале најблиските роднини и пријатели, меѓу кои и блиските соработници на Еминем, 50 Cent и Dr. Dre.
На фотографиите што се објавени досега не беше забележана мајката на Хејли, Ким Скот, иако е познато дека тие две биле мошне блиски низ годините.
Последен пат Ким беше фотографирана во јавност во септември 2023-та година.
Познато е дека поранешната сопруга на Еминем претходно беше на рехабилитација, а во 2021-ва година се обидела да си го одземе животот, по смртта на мајка ѝ и нејзината сестра близначка.
Прочитајте и Мајка му му ставала седативи во храната кога бил дете, земал по 60 таблети дневно – Како Еминем се избори со зависностите?
Б. С. Б. | Црнобело