Мајка му му ставала седативи во храната кога бил дете, земал по 60 таблети дневно – Како Еминем се избори со зависностите?
- Детали
- понеделник, 22 април 2024
Во еден ден земал по 60 таблети за болка, не спиел по 24 часа неколку недели, а морал да научи повторно да комуницира и да се движи - денес Еминем гордо споделува дека 16 години е целосно трезен, но како успеа да се ослободи од зависностите, иако воопшто не верувал дека има проблем?
Еминем (51) викендов прослави 16 години слободен живот од зависностите.
Тој на Инстаграм објави фотка од својата рака во која држи паричка со бројот 16, а на која се изгравирани и зборовите „Единство“, „Служба“ и „Закрепнување“…
Сите веднаш му честитаа на објавата, а неговите следбеници го пофалија раперот кој се труди да биде вистинска инспирација за луѓето кои сè уште се борат со зависностите.
Еминем отсекогаш отворено зборувал за својата борба со зависностите.
Познат по тоа што секоја година споделува фотки во кој ги одбројува годините во кои живее живот слободен од пороци, тој отворено во повеќе пригоди ја раскажа и својата приказна за тоа како воопшто станал зависник од алкохол и опојни супстанци.
Тешко детство и мајката која му давала лекови за смирување како дете
Кога имал само 2 години, родителите на Еминем се развеле, по што татко му се преселил во Калифорнија, каде добил уште две деца со друга жена.
Додека бил дете, Еминем често му пишувал писма на неговиот татко Маршал Брус Метерс, но тие се враќале непрочитани, на адресата на младиот рапер.
Откако татко им ги напуштил, мајка му, Деби Нелсон почнала да консумира алкохол и опојни супстанци, а раперот во песната My Mom тврдеше дека таа му ставала лекови за заспивање во храната за да го успие.
Не верувал дека е зависник
Сепак, тој тврди дека не бил зависник сè до почетокот на 20-тите години од неговиот живот. Но, откако станал славен, работите се промениле.
За разлика од голем број други познати личности Еминем не бил зависник од опојни супстанци што се купуваат на улица, туку од лекови против болка и седативи.
Прво почнал да зема таблети за смирување додека бил на турнеи, за потоа да продолжи константно да ги консумира.
Како што откри во една пригода, некој од присутните на турнејата му дал таблета за смирување, за да може да заспие и да заборави на константната болка.