Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го контролира“

„Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури отиде на маникир со приватен авион“, вели извори близок до Џастин Бибер и сопругата, истакнувајќи дека пејачот е мизерен со неа.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-01.jpg

Во периодот кога почнаа да се јавуваат шпекулации дека можеби ќе се разведуваат, Џастин и Хејли Бибер открија дека го очекуваат нивното прво дете.

Со оваа вест, дел од гласините замреа, но сега извори блиски до парот велат дека тие сепак не се среќни, особено Џастин, најмногу поради трошењето на Хејли.

Неодамна, Џастин пееше на претсвадбената прослава на синот на најбогатиот Индиец, за што му биле исплатени 10 милиони долари.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-03.jpg

Богатството на Џастин веќе достигна 300 милиони долари, но изворите тврдат дека морал да го прифати и ангажманот од милијардерот бидејќи Хејли трошела неконтролирано.

Па, Џастин станувал „очаен“.

„Хејли троши многу пари. Има потрошено десетици милиони долари за да патува низ светот со приватни авиони.

Еднаш дури отиде со приватен авион на маникир“, вели едниот од изворите за Daily Mail.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-08.jpg

Во последно време, Џастин не е активен на музичката сцена како порано, со што му се намалиле приходите, а наводно и за ова вината била кај Хејли.

„Се изолира од пријателите и семејството. Мизерен е бидејќи Хејли има целосна контрола врз него.

Како да си го изгуби идентитетот, креативноста… Нема инспирација“, додава изворот.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-06.jpg

Пејачот нема издадено албум од 2021 година, а не бил на турнеја од 2022-ра. Лани, пак, ги продаде правата на сите негови досегашни песни за 200 милиони долари.

Ова значи дека тој веќе нема никаква заработка од песните што ги снимил пред 2021-ва.

А, за неговите блиски, ова било огромно изненадување.

„Сите го советуваа да не ги продава правата. Но, Хејли успеа да го убеди“, тврдат изворите.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-05_copy.jpg

Џастин ја запроси Хејли со прстен од 600.000 долари, а годинава тие ги обновија заветите, па пејачот ѝ даде уште еден прстен кој чини дури 1,5 милиони долари.

Наводно, Хејли сама си го побарала прстенот, а сега ги носела и двата.

„Првично Џастин не сакаше да ѝ го купува прстенот и некои блиски му кажаа дека не е во ред што Хејли му го побарала.

Но, Хејли му рече дека морале да ги обноват заветите, па на крај си доби тоа што сакаше“.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-04.jpg

Изворите тврдат дека Хејли контролира и што носи пејачот. Наводно, таа го терала да носи исклучиво широка и лежерна облека, па и да изгледа запуштено, бидејќи така немало да им биде привлечен на другите жени.

Кратко по венчавката во 2018-та, се јавија првите гласини за брачните проблеми на Џастин и Хејли.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-09.jpg

Во 2021-ва, и двајцата открија дека првата година им била навистина тешка, најмногу бидејќи Џастин имал депресија.

На почетокот од годинава, пак, таткото на Хејли со објава на социјалните мрежи ја замоли јавноста „да се моли за Џастин и Хејли“, но никогаш не се дозна што го натерало да го напише тоа.

Гласините за проблемите дополнително се разгореа во април годинава, кога Џастин сподели фотка на којашто плаче.

Во последно време, парот се нема огласено за шпекулациите.

dzhastin-biber-e-mizeren-so-hejli-dodeka-go-ochekuvaat-prvoto-dete-ochaen-e-mu-gi-troshi-parite-i-go-kontrolira-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg