Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје?

Откако Џастин Бибер објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои теории што се случува со пејачот. Некои веруваат дека има проблеми со Хејли, други сметаат дека менталното здравје повторно му се влошило, а некои мислат дека пејачот бил една од жртвите на Пи Диди кој моментално е под истрага за трговија со луѓе и силување.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache01.jpg

Изминатиот викенд, Џастин Бибер сподели неколку фотки на кои плаче, по што следбениците почнаа да шпекулираат за проблемите со коишто се соочува пејачот.

Во Инстаграм објавата на 30-годишниот пејач има неколку фотки од негови настапи, како и две селфиња на кои плаче.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-05.jpg

Во меѓувреме, веќе некој период се шират гласини дека Џастин и сопругата Хејли имаат сериозни проблеми во бракот. Хејли остави коментар на објавата, во кој вели дека Џастин бил убав кога плаче.

Следбениците на пејачот, од друга страна, оставаат загрижени, но и утешни коментари.

„Во ред ли си?“

„Се надевам дека си добар, не сакам да гледам кога плачеш“.

„Тука сме за тебе“.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-04.jpg

Покрај проблемите во бракот, многумина шпекулираат дека пејачот повторно има проблеми со менталното здравје.

Според извор на Entertainment Online, Џастин периодов навистина не се чувствувал најдобро:

„Моментално Џастин се соочува со некои проблеми. Ова е тежок период за него и не се чувствува добро како вообичаено“.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-07.jpg

Сепак, изворот тврди дека Хајли е тука за него.

„Хејли го дава најдоброто од себе за да биде тука за Џастин, но не ѝ е лесно да го гледа како се измачува.

И двајцата се трудат да се поддржуваат. Ќе направат сè што е потребно за да ја подобрат ситуацијата“.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-08.jpg

Но, изјавата на изворот дополнително ги разгоре шпекулациите дека Џастин и Хејли имаат проблеми во бракот.

Првите гласини за наводните проблеми се појавија во февруари годинава, кога таткото на Хејли со објава на Инстаграм Стори им порача на следбениците „да се молат за ќерка му и Џастин“.

Џастин и Хејли одговорија на гласините со заедничко појавување во црква, а моделот се огласи и на Инстаграм Стори:

„Само да ви кажам дека приказните и гласините што ги гледам се 100% погрешни. Измислени се…

Па, можеби е забавно да ги слушате овие приказни, но само да знаете дека се лажни. Жал ми е што ви ја расипав забавата“.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-02.jpg

Кратко потоа, друг извор се огласи за Entertainment Online, тврдејќи дека се соочуваат со мали проблеми, но пробуваат да ги решат:

„Џастин и Хејли се поддржуваат еден со друг и си помагаат да поминат низ тешкиот период. Пробуваат да ја изградат нивната иднина.

Посветени се на нивната вера и пробуваат да останат позитивни. Имаат надеж за иднината и работат на себе“.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-06.jpg

Во меѓувреме се појавија и други шпекулации за плачењето на Џастин – пејачот можеби бил жртва на Пи Диди.

За потсетување, Пи Диди моментално е под истрага за силување, но и трговија со луѓе, односно присилна проституција.

Па, некои фанови веруваат дека ова му било дополнителен товар на пејачот.

vlosheno-mentalno-zdravje-ili-problemi-vo-brakot-so-hejli-zoshto-dzhastin-biber-objavi-fotki-na-koi-plache-09.jpg

Додека трае истрагата, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое Џастин има околу 15 години, додека Пи Диди – околу 39.

Во видеото, раперот вели дека ќе поминел 48 часа со Џастин, но не можел да каже што точно ќе прават.

„Каде ќе се дружиме и што ќе правиме, не можеме да ви кажеме. Но, ова дефинитивно е сон на секое 15-годишно момче. Денес јас имам старателство над него“, велир раперот во видеото.

За многумина, видеото делува и морничаво кога ќе се земе предвид возрасната разлика помеѓу нив, а дел од кометнарите се и пред да почне истрагата за раперот.

Многумина алудираат и на тоа дека можеби Џастин бил една од жртвите на раперот.

„Начинот на којшто Диди го гледа Џастин… Изгледа како лав кој гледа во плен“.

„Тоа што Диди вели дека не кажува што ќе прават е голем предупредувачки знак! Се молам за Џастин, не ми се верува дека оние што требало да го заштитат, ги пропуштиле предупредувањата!“

„Ова е многу страшно. Еден ден сите ќе дознаат што правел Диди“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg