Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 2024-та
- Детали
- четврток, 02 јануари 2025
Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и нивната драма, но и аферите на познати мажи кои јавноста ги гледаше како пример за добри сопрузи.
Не се малку скандалите што ја одбележаа 2024 година.
А, некои од нив како да го поплочија патот за уште поголеми и поскандалозни откритија што можеме да ги очекуваме во новата година.
Кои беа најскандалозните славни личности минатата година?
Пи Диди
Случајот со Пи Диди дефинитивно ја обележа 2024-та и откри сосема нова, мрачна страна на светот на славните.
Сè започна во септември, кога во неговиот дом упадна специјална единица и оттогаш ситуацијата на раперот само се влошува.
Моментално тој е зад решетки и ќе треба да одговара за мошне тешки обвиненија, како силување, трговија со луѓе и принудна проституција.
Блејк Лајвли и Џастин Балдони
Најпрво, Блејк Лајвли стана мета на критики поради промоцијата на It Ends With Us и нејзиното наводно лошо однесување на сетот на филмот.
Но, потоа се случи пресврт – таа поднесе тужба против режисерот на филмот и го обвини за сексуално вознемирување.
Во меѓувреме, протекоа информации дека режисерот Џастин Балдони ангажирал ПР експерти со цел да ја „закопаат“ актерката, ширејќи лоша пропаганда за неа.
Во периодот пред тужбата, репутацијата на актерката дефинитивно претрпе удар, но многу нејзини колешки застанаа зад неа. Таа доби поддршка и од јавноста.
Но, пред крајот на годината, Џастин се закани со контра-тужба која наводно ќе откриела сè за Блејк.
Засега на јавноста ѝ останува да го почека исходот од целиот случај кој веројатно ќе се најде на суд годинава.
Канје Вест и Бјанка Сенсори
Канје Вест отсекогаш важел за контроверзен лик, но изминативе две години се надмина, најмногу поради неговата сопруга Бјанка Сенсори која „парадираше“ практично гола низ целиот свет – од Италија до Јапонија.
Бјанка почна да излегува практично гола уште во 2023-та, и продолжи да си го негува истиот моден стил и минатата година, а некогаш изненадуваше и со само бизарни изданија, како на фотката подолу.