Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 2024-та
Дејв Грол
За неговите најголеми фанови, Дејв Грол беше пример за добар музичар кој и покрај светската слава, се држи настрана од скандали и ѝ е верен на сопругата.
Но, пејачот на Foo Fighters, кој претходно беше тапанар во Nirvana, покажа дека е сосема спротивното.
Музичарот самиот откри дека добил вонбрачно дете од афера.
Па, по повеќе од 20 години брак и три деца, Дејв го расипа односот со сопругата која најверојатно ќе побара развод.
Џеј Зи
По Пи Диди, следен на мета се најде Џеј Зи – нешто што многумина го очекуваа бидејќи музичарите беа особено блиски.
Анонимна жена го обвини Џеј Зи дека ја силувал кога имала само 13 години. Таа го навела како учесник на напад на Пи Диди и уште една женска позната личност чиј идентитет е непознат.
По обвинувањето, раперот изреагира бурно и бараше јавно да се открие идентитетот на жртвата, но барањето му беше одбиено.
Најверојатно годинава ќе се најде и на суд.
Хју Џекмен
Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес важеа за еден од најсреќните парови во Холивуд, сè до втората половина на 2024-та.
Ненадејно, тие само открија дека ќе се разведуваат, без да споделат други детали.
Не помина многу време пред извори да почнат да излегуваат со тврдења дека причината за разводот била афера.
Имено, актерот почнал да се гледа со колешка со која останал и по разводот од Дебора.
Во меѓувреме, и новата наводна девојка на актерот поднесе барање за развод, што според некои е доволен доказ дека аферата се случила.
Џастин Тимберлејк
На Џастин не му оди најдобро веќе неколку години наназад и иако неговиот скандал веројатно не се споредува со другите на листата, сепак е доволно за дополнително да му ја уништи репутацијата.
Откако лани Бритни Спирс откри дека Џастин ја терал да абортира, заедно со други непријатни детали за него, тој изгуби огромен број фанови.
Годинава, пак, беше уапсен поради возење под дејство на алкохол и наводно се расправал со полицајците, очекувајќи да го пуштат бидејќи е славен.
Фотката од полицијата, пак, долго време беше мета на шеги на Твитер и другите социјални мрежи.
Спирова С. | Црнобело