Романтичната љубовна приказна на Малума и неговата избраничка - тајно бил вљубен во скромна девојка

Во минатото изјави дека најголем сон му е да ја најде вистинската девојка, а колумбискиот пејач Малума потврди дека и официјално е во врска. Која е девојката во која тој потајно бил вљубен со години и зошто не можеле да бидат заедно?

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-na-kolumbiskiot-zavodnik-01.jpg

Тој на Инстаграм објави замаглена фотографија како се бакнува со својата девојка пред новогодишната елка, а до неа напиша:

„Ти благодарам Дедо Мраз“ – напиша тој до објавата.

https://www.instagram.com/p/CX4xSlMA3V1/?utm_source=ig_web_copy_link

Во изминатиот период колумбискиот рапер што се прослави со своите настапи со Шакира, Џеј Ло, Мадона, беше фотографиран како се држи за рака со новата девојка Сузана Гомез, но сè до неодамна тој не се огласуваше по повод пишувањата во медиумите.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-na-kolumbiskiot-zavodnik-02.jpg

Малума и Сузана за првпат беа фотографирани заедно во август 2020-та година во Њујорк, а по ова биле забележани додека биле на прошетка низ Беверли Хилс.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-02.jpg

Малума се труди неговиот љубовен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, но медиумите во Колумбија веќе открија повеќе интересни детали за неговата нова девојка.

Проследете неколку интересни факти за нив:

За разлика од поранешната девојка на Малума, моделот Наталија Барулич, која подоцна влезе во врска со Нејмар, Сузана Гомез е архитект и има своја компанија за дизајн на ентериер и се држи на страна од медиумите.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-03.jpg

Според Ahoramismo, Малума и Сузана пораснале во истиот дел на Меделин (Колумбија) и нивната приказна почнала многу одамна. Тие долго време биле пријатели, но дури во 2020-та година започнале романтична врска.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-06.jpg

Како главна причина поради која не можеле долго време да бидат заедно, колумбиските медиуми го наведуваат фактот дека таа била во брак со друг. Не се знае дали нејзиниот брак се распаднал заради врската со пејачот или пак почнале да се гледаат откако се развела.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-05.jpg

Сузана е во добри односи и со семејството на Малума, а на видеата од неговата прослава за албумот Papi Juancho може да се види дека покрај членовите на неговото семејство, тука е и Сузана.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-04.jpg

Малума стапи во врска со Сузана само неколку месеци откако кажа дека не размислува за врска. Во април 2020-та, по јавното раскинување со Наталија Браулич тој изјави:

„Во моментов сум сингл и не сакам да имам врска во моментов … Целосно сум посветен на кариерата“.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-07.jpg

Во истото интервју Малума призна дека сонува да ја пронајде вистинската со која ќе стапи во брак и ќе заснова семејство и дека негов најголем сон е да стане татко.

maluma-pee-so-najubavite-zheni-vo-svetot-a-tajno-bil-vljuben-vo-skromna-devojka-koja-e-novata-devojka-08.jpg

Прочитајте и Бил фудбалер, продавал сендвичи за да му помогне на семејството: 10 работи кои не ги знаете за Малума

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови Од поново време, ретко кој пар може да се спореди со Џони Деп и Амбер Херд, баре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg