Бил фудбалер, продавал сендвичи за да му помогне на семејството: 10 работи кои не ги знаете за Малума
Иако има само 24-години, колумбискиот пејач за брзо време достигна успех на светско ниво.
Помеѓу најпопуларните композиции кои му се најдоа на топ листите со латино песни се Felices los 4, El Perdedor и Corazón, а сигурно и вие се размрдувате кога ќе ги слушнете неговите хитови.
Освен што има одлична музичка кариера, тој е и вистински латино заводник, а жените не можат да одолеат на неговиот изглед и шарм.
Во продолжение прочитајте неколку работи кои не сте ги знаеле за Малума:
1. Пејачот се вика Хуан Луис Лондоњо Ариас, а уметничкото име доаѓа како мешавина од првите букви на имињата на неговиот татко, мајка и сестра – Марли, Луис и Мануела.
2. Малума е латиноамерикански артист со најмногу следбеници на Инстаграм – повеќе од 38 милиони.
https://www.instagram.com/p/Bck_lMPlelM/?utm_source=ig_embed
3. Кога одел во училиште, продавал сендвичи на одморите, за да му помогне на семејството финансиски и да може да си дозволи подготовки за неговата музичка кариера во иднина.
4. Откако го добил првото место на музички натпревар за пеење додека бил во училиште, неговиот вујко му дал можност да ја сними првата песна во професионално музичко студио за роденден.
5. Како дете, тој им продавал на пријателите пораки и љубовни писма напишани од него, за тие да им ги праќаат на девојките што им се допаѓаат.