Со години ја чекаше да се разведе, сега страсно ја бакнува пред цел свет – Малума со девојката на Billboard Latin Awards 2022 (фото+видео)
- Детали
- петок, 30 септември 2022
Додека медиумите го поврзуваа со Ким Кардашијан, Малума потајно бил вљубен во својата другарка од детството и ја чекал да се разведе. Сега страсно ја бакна пред целиот свет и го „украде шоуто“ на Billboard Latin Awards 2022.
Колумбискиот пејач Малума синоќа (29.09.) настапи на Billboard Latin Music Awards каде се собраа најпознатите латиноамерикански ѕвезди.
Пејачот кој во својата кариера имал соработки со Мадона, Шакира и Џеј Ло, и овојпат успеа да го украде шоуто откако по настапот страсно ја бакна својата девојка.
Непосредно по разводот на Ким Кардашијан со Канје Вест во 2021-ва година, во медиумите се појавија шпекулации дека таа почнала да се гледа со колумбискиот заводник, за потоа да се дознае дека тој потајно бил вљубен во скромна девојка која со години ја чекал.
Имено, Малума и Сузана Гомез се познавале уште од деца, но главна пречка за нивната врска била тоа што таа со години била во брак со друг маж.
Од почетокот на оваа година, Малума почна јавно да ѝ искажува љубов на својата сакана на социјалните мрежи, откако претходно тие двајца беа „фатени“ од папараците како се бакнуваат и разменуваат нежности.
За време на синоќешниот настап на Billboard Latin Awards 2022 Малума го изведе својот нов хит Juno, а целосно го сврте вниманието врз себеси во моментот кога страсно ја бакна својата нова девојка.
Видеото од страсниот бакнеж се споделува масовно на социјалните мрежи, а до него има и голем број коментари.
„И јас сакам таков бакнеж“, „Не можам да престанам да го гледам“, „Никогаш не сме го виделе ваков. Кога ќе биде свадбата“ – стои во дел од коментарите до видеото.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Романтичната љубовна приказна на Малума и неговата избраничка - тајно бил вљубен во скромна девојка
Б. С. Б. | Црнобело