„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес
- Детали
- петок, 25 октомври 2024
Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во согласност со годините“ ѝ порачуваат дел од фановите.
Мадона често знае да ги испровоцира своите фанови со однесувањето, па така беше и деновиве кога на Инстаграм Стори објави фотографии како јаде супа во топлес издание.
66-годишната музичка дива порачува дека животот е прекраток за да имаме здодевни оброци.
И додека на некои им се допадна ова разголено издание со впечатлив накит на Мадона, други се згрозени од нејзиното однесување.
„Засрами се“, „Таа ќе направи сè само за внимание“, „Ако имаш талент, навистина нема потреба да правиш вакви работи“, „Однесувај се во согласност со годините“ се дел од критиките.
Соодветно за една дива од нејзин калибар или вулгарно и навистина непотребно?
Сцената што предизвикаа лавина од реакции:
Повеќе фотки од Мадона:
Погледнете и Вирално видео: Мадона (65) „уловена“ на аеродром како ги крие под качулка набраните раце и лицето
С. С. | Црнобело