Вирално видео: Мадона (65) „уловена“ на аеродром како ги крие под качулка набраните раце и лицето

Мадона станува креативна додека се обидува да ги скрие дланките со набрана кожа од папараци фотографите и фановите. Последната снимка од аеродромот во Њујорк, брзо се прошири на социјалните мрежи. Погледнете како се снајде овојпат поп кралицата...

gi-pika-racete-pod-kachulka-za-da-ne-se-gleda-kolku-e-ostarena-hit-video-od-madona-bez-shminka-i-filteri-01.jpg

Поп кралицата Мадона (65), во изминатиот период честопати е мета на критики затоа што користи премногу филтри на фотките на Инстаграм, се труди да изгледа помладо отколку што е и не сака да прифати дека е веќе во седмата деценија од животот.

https://www.instagram.com/madonna/?hl=en&img_index=1

Така, помалку комично изгледаат нејзините видеа на кои се гледа како во јавност се обидува да скрие дека остарела, па наоѓа креативни начини како да ги прикрие недостатоците и да не покаже како навистина изгледа.

hit-video-madona-go-krie-liceto-so-ogromna-kachulka-nervozno-gi-pika-racete-vo-djebovite-za-da-ne-i-gi-snimaat-08.jpg

Во вторникот (03.10) пејачката беше снимена на аеродромот во Њујорк пред да полета за Лондон, 10 дена пред да ја започне нејзината 78-дневна турнеја.

hit-video-madona-go-krie-liceto-so-ogromna-kachulka-nervozno-gi-pika-racete-vo-djebovite-za-da-ne-i-gi-snimaat-07.jpg

Мадона, на патување тргна без грам шминка, но во моментот кога ја пречекаа папараците и фановите кои чекаа за автограм на аеродормот, таа повторно се „најде во небрано“.

Лицето го покри со огромни очила и јакна со качулка, но во мигот кога сфати дека во прв план се нејзините раце со набрана кожа, одлучи да ги скрие и нив, така што ги пикна под качулката.

hit-video-madona-go-krie-liceto-so-ogromna-kachulka-nervozno-gi-pika-racete-vo-djebovite-za-da-ne-i-gi-snimaat-04.jpg

Инаку, ова не е првпат таа да се обиде креативно да ги скрие дланките од фотоапаратите. Точно пред една година, беше снимена како нервозно ги пика рацете во џебовите за да не се види нивната набрана кожа.

hit-video-madona-go-krie-liceto-so-ogromna-kachulka-nervozno-gi-pika-racete-vo-djebovite-za-da-ne-i-gi-snimaat-03.jpg

Претходно, додека беше на вечера со синот Роко, Мадона беше фотографирана од папараци и на тие фотографии нејзините дланки изгледаа мошне остарено.

Оттогаш, па наваму, пејачката се труди да ги сокрие лицето и дланките под огромни дуксери и јакни.

hit-video-madona-go-krie-liceto-so-ogromna-kachulka-nervozno-gi-pika-racete-vo-djebovite-za-da-ne-i-gi-snimaat-02.jpg

Погледнете го последното видео:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...
Шон Пен за бурниот брак со Мадона: „Не сум ја врзувал или удирал со бејзбол палка, но дома ни дојдоа... За краткиот брак на Мадона и Шон Пен има безброј гласини, а најмногу се истакнув...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg